Македонија
Османи: Очекуваме напредок во процесот на проширување за време на лондонскиот самит
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Фиона Мекилвам, директорката за Западен Балкан во британскиот Форин офис.
Вицепремиерот Османи најнапред изрази благодарност за поддршката од страна на Велика Британија во однос на важноста од продолжување на процесот на проширување на Европската Унија и покрај нивното напуштање на Унијата како гарант за безбедноста, стабилноста, демократијата и владеењето на правото во Европа како целина и го поздрави нивниот јавно изразен став дека Македонија треба што побргу да ги започне преговорите за членство во Унијата.
Во оваа насока Османи изрази надеж дека досегашната поддршка од страна на Велика Британија за членство на Македонија во НАТО ќе продолжи и во иднина, процес што е во насока и на зајакнување на регионалната стабилност и безбедност.
Во текот на разговорот Османи се осврна и на позитивниот извештај на ЕК за состојбите и напредокот на Македонија на патот кон ЕУ, кој покажа дека Република Македонија успешно ги адресира ургентните приоритети, дека е надмината политичката криза и дека земјата е вратена на нормалниот демократски колосек. Тоа, нагласи Османи, заедно со чистата препорака за почеток на преговорите, претставува поттик за државава да остане фокусирана на реформите и посветена на евро-атлантската агенда.
„Берлинскиот процес претставува една од најважните компоненти за поврзување на земјите од Западен Балкан што, пак, создава солидна основа за унапредување на регионалната соработка“, истакна Османи.
Во тој контекст Османи посочи и на високите очекувања од претстојниот самит за Западен Балкан во Лондон за време на австриското претседателство, при што нагласи дека очекува тој да придонесе за унапредување на процесот на проширување до крајот на 2018 година, но и да биде потврда за посветеноста во исполнувањето на реформите во земјите од Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

