Македонија
Османи: Поддршката од Словенија е неповратно вградена во изградбата и успехот на СЕП
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска беше во посета на новите простории на Амбасадата на Република Словенија во земјава, при што оствари средба со амбасадорот Милан Јазбец.
Османи упати честитки до амбасадорот Јазбец за отворањето на новите поголеми простории на аамбасада, за кои, како што истакна, го отсликуваат и напредокот на пријателството помеѓу двете земји.
За време на средбата двајцата соговорници се осврнаа на најновите политички актуелности, односите со Грција, процесот на имплементација на договорот од Преспа, за текот на имплементација на реформите од планот 18, како и за сите останати активности поврзани со процесот за евро-атлантска интеграција на нашата земја.
„Македонија се наоѓа во период на објаснувачки скрининг, со што преговарачката структура се подготвува за старт на преговорите во јуни следната година“, истакна Османи, посочувајќи на искуството на Словенија како модел за унапредување на процесот на координација на преговорите, но и разработката на акциските планови, механизмите и индикаторите за следење, како и сите останати стекнати знаења и искуства за процесот на преговори.
„Првиот твининг-процес во Секретаријатот за европски прашања го направи Словенија уште во 2004 година, со што земјата неповратно се вгради во изградбата и успехот на оваа институција, за што дозволете да изразам особена благодарност“, истакна Османи, потенцирајќи дека Македонија од Словенија има доста да научи, особено од аспект на успешноста на модел во остварувањето на стратешките цели – членството во НАТО и во ЕУ.
Во текот на средбата двајцата соговорници заеднички се согласија дека повеќедецениските односи на разбирање и пријателство помеѓу двете држави и блиските релации меѓу нашите граѓани претставуваат голем капитал и инвестиција во иднината. Во овој контекст Османи изрази огромна благодарност за досегашната јасна и силна поддршка која Република Словенија ја дава во однос на процесите на евро-атланското интегрирање на нашата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

