Македонија
Османи: Првото поглавје од преговорите ќе го отвориме за време на хрватското претседателство со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, ја почна работната посета на Брисел на средба со државната секретарка за европски прашања и претставничка на Република Хрватска во ЕУ, Андреја Метелко-Згомбиќ.
„Одлуката за почеток не преговорите во октомври се поклопува со почетокот на претседавањето со ЕУ од страна на Хрватска во јануари в година кога очекуваме и да го отвориме првото поглавје со ЕУ во рамките на преговорите“, истакна Османи пренесувајќи благодарност до Згомбиќ за континуираната поддршка што Хрватска ѝ ја обезбедува на Република Северна Македонија. „Како дел од регионот, но и како дел од заедничката историја, Северна Македонија и Хрватска негуваат континуирани пријателски односи во интерес не само на двете земји туку и на целиот Балкан, а во насока на промоција на европската идеја во регионот“, истакна Османи.
Тој е во работна посета на Брисел, каде што ќе оствари средба со Федерика Могерини, високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, и со потпретседателката на Европската комисија, каде што ќе биде реафирмирана подготвеноста на земјата за почеток на преговорите. Во агендата на Османи е и средбата со директорката за Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за соседство и проширување во ЕУ, Геновева Руиз Калавера.
Работната посета на Брисел е дел од турнејата на Османи за посета на метрополите на земјите членки на ЕУ по што следуваат посетите на Берлин и Варшава кон крајот на неделата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Словенечки пожарникари пристигнаа за помош во гасење на шумските пожари во Македонија

Повеќе од 60 пожарникари од Словенија со 18 возила утрово пристигнаа преку граничниот премин „Табановце“.
Тие се приклучија на македонските и чешките тимови во борбата против шумските пожари кои беснеат низ земјава.
Според последните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, пет се ставени под контрола, а дваесет се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во планинските предели кај Нивичино, како и на потегот помеѓу неколку села во Прилепско и Кавадаречко. Во Прилепско, интервенцијата е отежната поради детонации во близина на пожарот, поради што на тој дел не се интервенира, соопшти утрово ЦУК.
Македонија
Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјава

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, пет се ставени под контрола, а дваесет се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во планинските предели кај Нивичино, како и на потегот помеѓу неколку села во Прилепско и Кавадаречко. Во Прилепско, интервенцијата е отежната поради детонации во близина на пожарот, поради што на тој дел не се интервенира, соопшти ЦУК.
Под контрола се пожари во општините Македонски Брод, Штип, Карбинци и Македонска Каменица, каде е зафатена претежно мешана или нискостеблеста шума, како и деградирани површини со ниска вегетација.
Пожарникарските екипи и понатаму се ангажирани на терен, а властите апелираат на внимателност и одговорно однесување, особено во подрачја каде постои зголемен ризик од нови пожари.
Македонија
Управител и фирма обвинети за неправилности во производството на медицински канабис

Полицијата поднесе кривична пријава против управителот Д.К.(30) од Скопје и фирмата.
Пријавениот, како одговорно лице, по добивање на решението лани за одгледување на канабис за медицински цели, постапил спротино на одредбите од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Од МВР велат дека тој не се придржувал кон елаборатот за производство на канабис за медицински цели, што било констатирано при извршена контрола од страна на полициски службеници од МВР во содејство со Комисијата за оценување на исполнетоста на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на медицински канабис.
Притоа биле одземени 1.260 грама марихуана, како и исушено искршено стебло и поголем број на исушени и скршени гранчиња од растението канабис.