Македонија
Османи- Рот: Северна Македонија, со усвојувањето на уставните измени, ќе остане на прав пат кон ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, оствари средба со Претседателот на Kомисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг, Михаел Рот.
Министерот Османи упати благодарност за усвоената Резолуција во Бундестагот (јуни оваа година), која е потврда за недвосмислената поддршка на Северна Македонија за влез во ЕУ со својот идентитет, јазик, култура и историја, како дел од севкупниот мозаик на европската култура.
„Резолуцијата од 15 јуни оваа година несомнено дека е од историска важност, навремена и неопходна да се разјаснат политичките дилеми кои постојат во внатрешно политичката сцена во нашата земја, со цврсто уверување дека ние сме на прав пат, кога се залагаме за уставни измени по 18 години макотрпна работа и влог на повеќе генерации кои треба да бидат крунисани со полноправно членство во ЕУ.“
Рот увери дека силната поддршка на Германија на надворешно-политичките приоритети на Северна Македонија ќе продолжи и во иднина, а значаен фокус стави на парламентарната дипломатија како исклучително важен инструмент во продлабочувањето на севкупната билатерална соработка.
Германија продолжува да биде клучен политички и економски партнер на нашата земја, при што подолг период е најголем трговски партнер на нашата земја.
Двајцата соговорници разменија мислења и за можностите за унапредување на партнерството на двете земји во рамки на НАТО алијансата, како и за меѓусебната соработка и предизвиците во рамките на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.