Македонија
Османи: Северна Македонија ги чувствува последиците од неуспехот на механизмите за снабдување со вакцини
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на онлајн-министерскиот состанок на алијансата за мултилатерализам, што на иницијатива на министрите за надворешни работи на Франција и на Германија, Жан Ив Ле Дриjан и Хаjко Мас, се одржува на маргините на високиот сегмент на 46. сесија на Советот за човекови права на ООН.
„Република Северна Македонија, со целосно потпирање врз мултилатералните механизми во обезбедувањето вакцини, ги чувствува последиците од севкупниот неуспех да се спроведе на дело она за што силно се залагаме на зборови“, истакна Османи.
Потенцирајќи дека мултилатерализмот останува единствениот можен начин за справување со глобалните предизвици, во своето излагање Османи особено се осврна на влијанието на пандемијата на Ковид-19 врз продлабочувањето на постојната нееднаквост меѓу развиените и земјите во развој, како и врз нарушувањето на човековите права во глобален контекст.
Во делот на дискусијата на тема „Новите предизвици за човековите права, подготвеноста и одговорот за справување со пандемијата“ тој ја нагласи неможноста за еднаков пристап до вакцините како дополнителен фактор што ги влошува состојбите.
Алијансата за мултилатерализам претставува важен форум за промовирање заеднички солуции за глобални предизвици преку зајакнување на мултилатералната соработка. Формирана на иницијатива на францускиот и германскиот министер за надворешни работи во 2019 година, оваа неформална алијанса е отворена за земји што веруваат дека мултилатерализамот е единствена гаранција за меѓународна стабилност и мир, со решавање на предизвиците преку соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

