Македонија
Османи: Северна Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ
Вицепремиерот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари видеоконференциска средба со министерката за Европа на Република Австрија, Каролине Едштадлер.
На почетокот на средбата Османи ја искористи шансата да ѝ се заблагодари на министерката Едштадлер за нејзината лична подршка и за подршката на Владата на Република Австрија, што во пандемиски услови кога сите беа фокусирани на настанатата криза, тие силно ја поддржаа одлуката за започнување преговори на Северна Македонија со ЕУ. Воедно Османи ѝ изрази благодраност и за подршката во борбата против Ковид-19, потенцирајќи дека само со заеднички сили можеме успешно да се справиме со настанатата криза.
Министерката Едштадлер истакна дека Р Австрија ја гледа нашата земја и земјите од ЗБ како дел од семејството на ЕУ и дека и понатаму ќе продолжат со силна поддршка, при што го спомна и новиот пакет-поддршка од ЕУ во износ од 3.3 милијарди евра, предвиден за најава на претстојниот самит во Загреб.
Меѓу другото, соговорниците дискутираа околу очекувањата од претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи во Загреб на 6 мај, околу преговарачката рамка и извештајот за напредокот што ЕК треба да го објави на почетокот на наредниот месец.
За време на видеосредбата, Османи во однос на преговарачката рамка, која се очекува да биде презентирана од страна на Европската комисија на почетокот на јуни, потенцираше дека таа се смета за најважен документ и треба внимателно посветување на утврдените позиции на земјите членки, како и усогласување на истите со нашата земја со цел во иднина да имаме лесен и непречен тек на преговорите.
„Во периодот што ни претстои треба посветено да продолжиме да работиме и лобираме, со цел преговарачката рамка да биде поволна за сите, бидејќи во моментот кога истата ќе биде усогласена веќе нема простор за менување на правилата“, додаде Османи.
За време на разговорот соговорниците заеднички се согласија дека претстојниот самит ЕУ- Западен Балкан претставува исклучителна можност за лидерите од регионот и ЕУ да ги зајакнат своите односи и да разговараат за главните политички и економски предизвици со кои се соочуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

