Македонија
Османи се сретна со претседателката и со генералниот секретар на Парламентарното собрание на ОБСЕ
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја прими делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ, предводена од претседателката Маргарет Цедерфелт и генералниот секретар Роберто Монтела.
Состанокот се одржа со цел да се воспостави личен контакт на највисоко ниво, да се пренесе поддршка за претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година и да се разговара за актуелната ситуација на ОБСЕ и можностите за соработка меѓу Парламентарното собрание на ОБСЕ и претседавачот, како и нашите приоритетите како идни претседавачи со ОБСЕ.
Министерот Османи истакна дека парламентарната дипломатија е од големо значење, особено во време на отворена агресија против земја учесничка, геополитички тензии и неизвесност.
„Северна Македонија придава големо значење на парламентарната димензија на ОБСЕ. Инволвирањето на парламентарците во справувањето со денешните безбедносни ризици и предизвици, како и во промовирањето на принципите и заложбите на ОБСЕ додава важна вредност на редовната дипломатска комуникација во потрага по трајни решенија“, рече Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДС и Филипче уште го штитат Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС се соучесници на Груби и ДУИ и креатори на деструктивните политики, криминалот и корупцијата во Македонија. Тоа што СДС и Филипче молчат и не се извинуваат за криминалот на Груби значи дека знаеле, го одобрувале и се соучесници во осиромашувањето на македонските граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„На СДС наместо државните интереси на прво место им беше интересот да останат на власт затоа дозволија Груби да краде.
СДС мудро молчи по однос на бегалецот од правдата, Груби. Ниту се оградуваат од него, ниту го повикуваат да се врати во Македонија за да се соочи со правдата.
Филипче не се оттргна од менторот Заев и е продолжение на погубните политики за државата како во минатото така и денес.
СДС е партија заробена во минатото, со иста политичка матрица во континуитет Заев, Ковачевски, а сега и Филипче.
Во СДС ништо не е сменето тоа истата партија која ја поткопува македонската државност со деструктивните политики, која го уништи системот, а народот го осиромаши.
Се додека СДС и Филипче не се извинат на граѓаните за криминалот на Груби не можат да бидат сериозна и конструктивна опозиција која има политичка одговорност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Изгубени странски туристи безбедно извлечени преку езерото „Матка“
Вчера, на крајот од денот, по стемнувањето, на 112 во ЦУК е добиена пријава од странски државјани (турски), туристи, кои се наоѓале спроти ресторан „Кањон Матка“, на другата страна од езерото, односно акумулацијата „Матка“ и истите информирале дека се изгубиле и не можат во мракот да се движат, па побарале помош да преминат од спротивната страна каде што се наоѓа ресторанот и пешачката патека.
За таа цел било потребно пловно превозно средство (кајче, чамец). Регионалниот ЦУК Скопје координираше со институциите од Системот за управување со кризи и информираше дека дека за ова веднаш биле известени ПС Сарај и Општина Сарај и според повратните информации за околу еден час странските државјани биле извлечени од местото каде што се наоѓале и потоа безбедно биле префрлени преку езерото, односно акумулацијата „Матка“, извести ЦУК.
Скопје
ЦУК: Ќе се одглавуваат автомобилите кои заглавија на патот меѓу Горно Нерези и Средно Водно
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје известува дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не е безбеден за движење со моторни возило и апелирале истиот да не се користи поради голомразица.
Вчера на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот. По пренесувањето на пријавите од ЦУК до надлежните, е добиено известување од ЈП Македонијапат дека овој пат е од 4-та категорија на приоритет и дека вчера немале слободни машини за интервенција, бидејќи истите биле на расчистување на патот Кичево-Охрид и на Попова Шапка и дека денеска околу 10 часот ќе испратат машина за да се интервенира, извести ЦУК.