Македонија
Османи: Со изборот на нов Генерален секретар на РСС го сочувавме кредибилитетот на регионалната сопственост, лидерството и стабилноста
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на Претседавач со Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), денеска се обрати на Годишниот состанок на Советот за Регионална соработка (РСС), нагласувајќи дека постигнувањето консензус за избор на нов Генерален секретар на РСС претставува уште еден значаен успех и потврда на меѓународната позиција на земјава.
„Задоволство ми е што успеавме да постигнеме консензус и го номиниравме Амер Капетановиќ за нов Генерален секретар на РСC. Како претседавачи со Процесот сме особено горди на ова постигнување. Со овој чин, ние – учесниците во Процесот, покажавме дека сме способни да го сочуваме кредибилитетот на регионалната сопственост и лидерството кои ги градевме и надградувавме низ годините наназад преку оваа значајна регионална иницијатива“, нагласи Османи.

Според Османи, регионалната соработка беше и ќе остане високо на агендата на нашата надворешна политика како пред, така и по претседавањето со ПСЈИЕ.
„Нашето учество во различни регионални иницијативи и фактот што претседаваме по трет пат, со една од најстарите, ја покажува нашата посветеност на тој план. Континуирано вложуваме големи напори во градењето добрососедски односи засновани на меѓусебно пријателство и доверба, придонесувајќи притоа за долгорочната стабилност и просперитет на нашиот регион“, рече меѓу другото.

Османи заклучи дека соработката во рамки на ПСЈИЕ и РСС ги збогатува односите и ги промовира европските вредности меѓу учесниците. РСС e уникатна платформа за продлабочување на регионалната соработка и поттикнување на добрососедските односи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

