Македонија
Османи: Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со цел тоа никогаш да не се повтори
Денеска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при што истакна дека осудувањето и сеќавањето на меѓународно признатиот геноцид во Сребреница е човечка должност. Воедно, потенцира дека Република Северна Македонија одлучи не само да ја поддржи туку и да ја коспонзорира резолуцијата на Обединетите нации за сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.
„Осуда на геноцид е универзална човекова должност и тоа не е поврзана со која било припадност. Во 2010 година нашето Собрание има донесено одлука по однос на Сребреница прифаќајќи ја резолуцијата од Европскиот парламент. Значи, како држава никогаш не сме имале дилема во однос на тоа што се случило во Сребреница кога во еден ден се убиени 8.372 цивили и тоа не може да се нарече поинаку. Најголемите критики во текот на вчерашниот ден беа: обид на министерот за надворешни работи да нè скара со пријателска Србија. Напротив, оваа не е поврзано со Србија, не е поврзано со српскиот народ, бидејќи осудувањето на геноцидот ги надминува дипломатските врски и односи помеѓу двете држави и народи. Човечка должност ни е да осудиме, да ги промовираме фактите, со цел тоа никогаш да не се случи“, истакна Османи.

На денешната отворена дискусија на тема: „Северна Македонија – коспонзор на резолуцијата на ОН за сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница“, Османи ги отфрли обвинувањата дека целта на овој акт на Министерството е влошување на билатералните односи на државата со соседна Србија тврдејќи дека се работи за однос на земјата кон злосторво против човештвото, кој меѓународните надлежни институции го имаат именувано како геноцид и дека како таков не смее да го негира.
„Војните во Балканот завршија и на земјите од регионот им треба помирување“, рече Османи апелирајќи им на Србија и Босна и Херцеговина да го следат примерот на Германија и Франција по Втората светска војна.
На дискусијата со видеообраќање учествуваше и министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, кој упати благодарност до Северна Македонија за конспонзорирањето на резолуцијата, убеден дека прогласувањето на 11 јули за меморијален ден значително ќе придонесе за мирот и безбедноста на регионот и ќе ја зајакне вербата во институциите на Обединетите нации, што, според него, на светот му е потребно.

„Дозволете ми да ве потсетам на геноцидот извршен во јули 1995 година во заштитената безбедна зона на Обединетите нации, Сребреница, брутално беа убиени повеќе од 8.000 момчиња и мажи, 1.000 беа насилно раселени, цели семејства беа уништени, а нивните домови беа опустошени. Многубројни сторители беа изведени пред правдата, а најстрашното злосторство – систематското убивање на бошњачкото население во заштитената зона на Сребреница беше законски признато како геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата и Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија. И никогаш не смее да биде предмет на разни толкувања. Ова го препознаа одговорните луѓе, кои спроведуваат одговорни политики во Северна Македонија“, истакна Конаковиќ.
На дискусија со свои гледишта учествуваа и претседателот на Бошначкиот национален совет, Џевад Хот, граѓанската активистка Мерсиха Смајловиќ и адвокатката Едина Зекировиќ-Фазлагиќ, кои покрај изразите на благодарност кон министерот Османи за донесената одлука за коспонзорирање на резолуцијата, ги изнесоа и своите гледишта зашто ова е праведна одлука и за важноста на воспоставување ден за одбележување на масакарот во Сребреница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

