Македонија
Османи: Ќе го искористиме полското искуство за да ги подобриме преговорите

Ќе го искористиме полското искуство за подобрување на ефикасноста во преговорите, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Полска во земјава, Војчех Јежи Тичињски.
Вицепремиерот Османи најпрвин упати честитки до амбасадорот Тичињски за именувањето на оваа функција, при што потенцирање дека за нашата земја од особено значење е поддршката и помошта од Полска за реализација на нашите зацртани стратешки цели, членство во НАТО и во Европската Унија и притоа изрази надеж дека ваквиот пристап на соработка ќе продолжи во текот на неговиот мандат.
„Обврските што произлегуваат од јунските самити претставуваат обврски за нас, за кои постои целосна посветеност не само од Владата туку и од севкупниот значаен општествен и политички фактор“, истакна Османи, посочувајќи и на полското искуство во преговорите како значаен инпут за подготовка на преговарачката структура за унапредување на ефикасноста во преговорите.
„Поддршката од страна на Полска, како билатерална, така и на самиот евроинтегративен процес, ја сметаме за особено важна, не само како политички став внатре во Европската Унија, туку и како суштински придонес во создавањето на поддршката на процесот на проширувањето и меѓу земјите од Вишеградската група“, истакна Османи.
Тој во продолжение го информираше амбасадорот Тичињски и за најновите политички актуелности, односите со Грција, процесот на имплементација на договорот од Преспа, но и за текот на имеплементација на реформите од планот 18. Во текот на разговорот двајцата соговорници изразија заемно уверување за натамошно зацврстување на пријателските врски меѓу двете земји, преку унапредување на соработката во сите сфери од заемен интерес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 11:00 часот, корисниците од селата: Рашче, Бојане, Копаница, Горно и Долно Свиларе, Радуша и Кондово (Општина Сарај ) и дел од нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од с. Таор. (Општина Зелениково)
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на дел од ул.Благоја Гојан и ул. Рилски конгрес.(општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Коле Неделковски, (од ул. Ленинова до Градинката). (Општина Центар)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од ул. Домазетовска во с. Драчево. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Осло. (Општина Карпош)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците во околината на објектот на ул. Козле бр. 149. (Општина Карпош)
· од 09:30 до 12:00 часот, корисниците од улиците: Речиште и Герника во с. Драчево. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст. Особено топло ќе биде во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица.
Македонија
МОН: Системски го решивме прашањето со набавка и испорака на учебници, испечатени се и доставени до сите училиштата

Четири министри во Владата на СДСМ раководеа со Министерството за образование и наука во период од седум години и не успеаја да обезбедат учебници ниту за основците, ниту за средношколците. Сега кога ситуацијата е надмината, оваа политичка партија чија слаба страна е образованието, се обидува токму во оваа област да собира политички поени, велат од МОН.
„Не им успева, бидејќи учебници има. Целиот тираж кој беше побаран од училиштата е испечатен и испорачан. Сегашното раководство системски го реши овој предизвик од минатото, со ново законско решение во чија изработка учествуваа сите засегнати чинители, како и со интензивен ангажман на надлежните институции, органи и тела.
Испечатени се сите претходно одобрени учебници по сите предмети. За прв пат по цели седум години, обезбедени се и нови учебници по странските јазици во сите одделенија. Целосно нови учебници има во седмо одделение во основното образование и во прва година во гимназиско образование, поради примената на нови наставни програми од оваа учебна година“.
Најавуваат дека обновата на наставните програми и на учебниците ќе продолжи и во следниот период, затоа што, како што велат, тие се основата на квалитетното образование, заедно со наставниците и инфраструктурните услови.
„Помина времето на негрижа кон образовниот систем, учениците, наставниците и родителите. Промените се случуваат, а ефектот ќе се огледа преку новите генерации кои ќе располагаат со поконкурентни знаења и потребните вештини за успех“.