Македонија
Османи: Ќе предложам до Владата Законот за здруженија да го испрати до Венециската комисија
Министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата со колегата Николај Милков во Софија рече дека ќе ѝ предложи на Владата новиот Закон за регистрација на здруженија да го испрати до Венециската комисија.
– Донесен е закон во Собрание чија цел беше да се спречи саботирање на заедниците од страна на други чинители. Тоа што се оспорени одредени прашања, ќе предложам Владата да го прати законот до Венециската комисија за да каже таа дали има спорни елементи – рече Османи.
Тој го информирал Милков и за активностите на меѓуресорската работна група за политичка координација на спроведувањето на мерките од протоколот со која лично раководи.
– Ова го сметам за важно затоа што во минатиот период бевме сведоци како се злоупотребуваат овие теми и преку манипулација на чувствата на граѓаните се креираат непријатни настани чија крајна цел е да се киднапираат активностите на двете земји за унапредување на односите. Заедно до Милков ќе сториме сè да не дозволиме други од надвор да ни ја водат надворешната политика. Треба министерствата да ги водат процесите и затоа културно-информативните центри отворени од државите ќе придонесат за тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

