Македонија
ВМРО-ДПМНЕ повика на брзи избори по оставките на министрите од ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ повика на брзи избори по оставките што денес ги доставија министрите од ДУИ до премиерот Димитар Ковачевски, а би стапиле во сила откога опозицијата ќе ги поддржи уставните измени.
„Добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот и да ја докажуваат својата невиност. Откако ДУИ го направи првиот чекор, си поднесоа оставки, сега само тие да бидат неотповикливи и да одиме на брзи избори, бидејќи се друго е одолговлекување и играње играчки на грбот на државата и иднината на граѓаните“, се вели во коментарот на ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, лидерот на ДУИ, Али Ахмети во писмото адресирано до премиерот Димитар Ковачевски во кое ги објави оставките, образложи дека земјата е во критична фаза од европската иднина, а големите одлуки бараат политичка, национална и државна одговорност и жртви, со оглед на барањето на опозицијата дека би гласале за уставните измени доколку Демократската унија за интеграција излезе од Владата.
СДСМ порача дека со оставките исполнети се сите услови на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, па сега тој е на потег и одговорноста е кај него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: 5 активни пожари на отворен простор

Центарот за управување со кризи информира дека до 08:00 часот, има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 2 се под контрола и 22 се изгаснати.
Активни пожари:
1. Општина Желино: с.Желино према Еребино – планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација);
2. Oпштина Василево: с.Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
3. Општина Македонски Брод 1: с.Грешница (мешана шума и ниска вегетација);
4. Општина Македонски Брод 2 (реактивиран): помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
5. Општина Прилеп: помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација).
Пожари под контрола:
1. Општина Македонски Брод: с.Слатина (смрека, сува трева и друга ниска вегетација);
2. Oпштина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума);
Изгаснати се пожари во следните општини: Студеничани (Горно Количани, Батинци), Бутел, Сарај, Кисела Вода, Крушево, Демир Хисар, Ресен, Дојран, Струга, Свети Николе, Штип, Кочани, Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Тетово, Брвеница и Гостивар.
Македонија
Времето денеска сончево и многу топло

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 11 до 20, а максималните од 29 до 39 степени целзиусови.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура во главниот град ќе биде 19, а максималната 39 степени.
Македонија
(Видео) Ѓорчев: Во Неготино разговаравме за сите теми од лозарство до животниот стандард, Македонија оди напред

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, денеска од Неготино порача дека партијата е активно присутна на терен, ги објаснуваат владините политики и ги слушаат проблемите на граѓаните. Како што истакна, посетуваат населби и села низ цела држава.
„Ја подготвуваме нашата програма за локалните избори, затоа што имаме сериозна, сериозна намера да победиме и во Неготино, и во целата Тиквешија, но и во цела Македонија. Разговараме за темите поврзани со земјоделието, од тутунот преку лозарството и грозјето, до сите оние други теми поврзани со живеачката, со платите, со животниот стандард, инфраструктурата, растот на пензиите којшто се случува“, кажа Ѓорчев.