Македонија
Отворена новата пионерска велосипедска патека на Водно
Љубителите на планинарскиот велосипедизам од денеска може да возат по новата нагорна пионерска велосипедска патека на Водно, која е дел од проектот „Велосипедски парк Водно“. Патеката денеска беше отворена со вело натпревар во организација на „Прв до врв“, на кој учествуваа повеќе од 400 велосипедисти, а учествуваше и Градоначалникот Шилегов.
„Патеката симболично ја нарековме „Пионерска патека“ затоа што е прва патека од овој тип во Скопје, а и воедно прва од вкупно 3 вакви патеки кои ги правиме во рамките на проектот„ Велосипедски парк Водно“. Направена е согласно сите стандарди, со помош на експерти од Словенија, а наменета е исклучиво за велосипеди и исклучиво за движење во еден правец – нагоре“, рече Шилегов.

При изведбата на оваа патека посветено било големо внимание на заштита на природното опкружување, со минимално влијание врз околните дрвја и вегетација.
„Среќен сум што на крајот на третата година од мојот прв градоначалнички мандат нашето сакано Водно успеавме да го вратиме на луѓето кои го користат за уживање во природата, планинарење, спорт и рекреација. Уште пред 3 години го средивме хаосот со паркирањето на средно водно, ги воведовме бесплатните автобуски линии за викенди и празници, со цел да ги намалиме гужвите кои ги создаваа автомобилите и да ослободиме повеќе простор за спорт и рекреација. Сега со проектот Велосипедски парк го развиваме планинскиот велосипедизам кој бележи растечка популарност во нашата држава“, додаде Шилегов.

Се очекува Велосипедскиот парк, Водно да прерасне во туристичка атракција и на тој начин да ја збогати туристичката мапа на Скопје.

Новата нагорна планинска велосипедска патека е со променлива широчина (најмногу до 3 метри), со вкупна должина од 3.432 метри и се протега од полициската станица се до Средно Водно.

За да се зголеми безбедноста на сите посетители на Водно, таа е посебна патека наменета исклучиво за велосипедистите, односно целосно одвоена од патеките на Водно што се наменети за пешаци и планинари. Патеката е исклучиво за движење во еден правец-нагоре.

Пионерската патека е сертифицирана и ги исполнува условите за организација на меѓународни натпревари на северните падини на Водно.
Проектот за уредување на оваа планинска вело-патека на Водно, Град Скопје го реализираше во соработка со Советот за регионална соработка (Regional Cooperation Council), Европската комисија и Иницијатива за европска перспектива (ИЕП), како и со надворешните поддржувачи МАМБА – Македонска Асоцијација за планински велосипедизам и Федерацијата на планински спортови на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени
Времето денеска е биде променливо облачно и релативно топло, велат од Управата за хидрометеорологија (УХМР). Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, првин во западните делови ќе има врнежи од дожд.
На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Македонија
Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор
Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без селективен пристап по заканите за тепање и убивање полицајци. Маршот ќе почне во 11 часот со јавен собир пред Основното јавно обвинителство Битола од каде ќе се маршира кон хотел „Епинал“, а ќе заврши на плоштадот „Магнолија“.
„Како одговорен синдикат ќе организираме мирен марш со цел да се актуелизира и јавно да се побара доследно и еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без исклучоци и без селективен пристап. Повод за маршот се последните јавни изјави и настани во Битола, во кој поединци се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да ги спроведат законите, кои повторно ја отворија темата за двојните аршини во постапувањето на институциите кога се работи за полицајци и останати граѓани и создадоа чувство на неправда. Целта на маршот не е насочена против ниту една етничка, социјална или друга заедница, туку е јасен апел и крик за потребата од владеење на правото, каде што законот ќе важи подеднакво за сите, без разлика дали се работи за полицајци, граѓани или институции“, најавија од НСП.
Барањата кои е се упатат од маршот се: еднаков третман пред законот за сите извршители на кривични дела, а не само на полицајците, крај на селективната правда и притвор за сторителите, бидејќи за ваков сличен настан пред само 2 години кој се случи во Прилеп, кога лице се закануваше на обвинителка веднаш беше побарано и определено притвор, барање за итна промена на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и враќање на поранешната глоба која изнесување 1000 евра за омаловажување на државни органи и полициски службеници, наместо сегашните 50, односно 150 евра.
Целта на мирниот марш од НСП велат дека е и враќање на достоинството на полицијата.
Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица поради упатени сериозни закани по животот на полициски службеници. Двете лица јавно се извинија за заканите со објаснување дека се заканиле оти биле под стрес.
Македонија
Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост поради појава на магла до 60 метри има на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 100 м.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ потстува дека е на сила законската обврска за зимска опрема во возила и препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

