Македонија
Отворена првата градинка во општина Чашка

Општина Чашка ја доби првата градинка „Бамби“. За изградба на објектот Министерството за труд и социјална политика потроши 3.072.647 денари. Се работи за наменски адаптиран простор кој ќе функционира во рамките на ЈОУДГ „Димче Мирчев“ Велес. Тука ќе се згрижуваат до 50 деца, организирани во 2 групи, на возраст од 2 до 6 години.
Во општина Чашка досега не постоеше објект за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. Новата градинка ќе придонесе за зголемување на згрижувачките капацитети во велешкиот регион и за реализација на една од програмските цели на Владата – да се зголеми опфатот на деца во предучилишно образование до 50 отсто до крајот на мандатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за сообраќајката во која загинаа три лица

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Три лица го загубија животот. Според првичните информации кои ги добив, станува збор за огромна неприлагодена брзина од страна на еден на учесниците во сообраќајот, кој за жал, е починат. Бројот на сообраќајни жртви во оваа година во првото тромесечје е сличен како и бројот на жртви лани. Со тоа што можам да кажам дека бројките се катастрофални во споредба со европските стандарди“, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Тој упати апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, дозволената брзина, бидејќи експертите тврат дека и кога се управува возило, а тоа е над 70 км/час, а има челни удари како вчера, можноста за преживување е нула.
Македонија
На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва. На Табановце кон Србија за влез и излез од државата се чека од 20 до 30 минути, а на граничните премини Дојран и Богородица кон Грција времето на чекање е до 15 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Според утринските информации на АМСМ, сообраќајот на државните патишта надвор од градските средини е умерен.
Македонија
Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица

Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени.
Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена е наредба за испитување на евентуално присуство на алхокол или други супстанции кај повредените.
– По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија, информираат од Јавното обвинителство.