Македонија
Отвореноста и транспарентноста на извршната власт се во застој, укажуваат резултатите од Индексот на отвореност
Денес, на 19-ти јуни, под насловот „Посветеност кон отвореност за долготрајни успеси“, Фондација Метаморфозис одржа презентација и дискусија на резултатите од Проценката на состојбата на добро владеење во Северна Македонија преку Индексот на отвореност за извршната власт.
Мониторирањето се спроведува осма година по ред, регионално, во Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина и сумираните регионални резултати ќе бидат објавени во септември, додека фокусот на денешниот настан беше на националните резултати.
Резултатите ги презентираше програмската директорка на Фондацијата Метаморфозис, Данче Даниловска-Бајдевска. Таа нагласи дека нашата земја е единствена од регионот со Стратегија за транспарентност на Владата, но имплементирањето на стратегијата, сепак се одвива бавно.
Главните заклучоци од овогодинешното мониторирање покажуваат дека напредокот во зголемување на транспарентноста и отвореноста на извршната власт (министерствата и органите во состав) е во застој, подобрените резултати од минатото се застанати на одредено ниво, па не постои значајно поместување во последните години. Затоа се препорачува засилена имплементација на постојните политики со кои се унапредува отвореноста од страна на министерствата и извршните органи, со цел да се постигне напредок во отвореноста.
Мониторирањето се врши осма година по ред, а сумираните национални резултати може да се погледнат на следниот линк.
Како што посочи Даниловска-Бајдевска, сите овие процеси, односно преземени активности за унапредување на отвореноста во суштина ѝ помогнаа на Република Северна Македонија во континуитет во последните пет години да биде земја чија Влада е највисоко на скалата на отвореност во регионот.
Во овогодинешното мерење на Индексот на отвореност (2023 г.), Владата исполнува 78,33% од поставените критериуми за отвореност што повторно е најдобар резултат на регионално ниво. На првото регионално мерење за отвореноста на извршната власт во 2016 г. Република Северна Македонија беше на последно место во регионот и исполнуваше само 36% од индикаторите. Сепак, треба да се напомене дека споредено со минатата година, Владата има незначителен пад во исполнувањето на индикаторите за отвореност.
На настанот беше претставена работата и значењето на Партнерството за отворена власт (ПОВ), како и заложбите од шестиот Национален акциски план за кој говореше Гордана Гапиќ-Димитровска од Министерството за информатичко општество и администрација, како национален координатор за ПОВ.
Партнерството за отворена власт е значаен процес кој е единствен по својата управувачка структура – во Советот за ПОВ учествуваат еднаков број претставници на граѓанските организации, избрани преку Мрежата за ПОВ, и државните институции.
Фондација Метаморфозис е координатор на Мрежата граѓански организации за ПОВ. Улогата на мрежата е да го мобилизира и координира застапувањето на граѓанското општество за прашањата на ПОВ, односно претставува мрежа на активни граѓански организации кои работат посветено да ги поттикнат институциите на поодговорно работење, зголемена транспарентност, учество и отчетност.
Настанот е дел од синергија помеѓу проектите „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено Општество-Македонија, и проектот “Користење на новите медиуми за промовирање на владината транспарентност” кој го спроведува Фондација Метаморфозис како дел од партнерскиот конзорциум ACTION SEE со финансиска поддршка од Националниот фонд за демократија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Владата на Заев и Филипче донела спорен правилник, подзаконскиот акт за канабис е во судир со законот, кој и колку профитирал од бизнисот со канабис“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Зоран Заев и Венко Филипче имале за цел Македонија да ја претворат во светска туристичка атракција за канабис. СДС на чело со Зоран Заев и Венко Филипче го злоупотребиле процесот за регулирање на медицинскиот канабис Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во 2020 година Заев и Филипче смислиле план за како енормно да заработат од бизнисот со марихуаната и сакаа целосно да ја легализираат но тоа не им помина. Затоа лиценците за одгледување на медицински канабис биле резервирани исклучиво за луѓе блиски до кланот Заеви и Филипче. Обичните граѓани и компании немале никаква шанса да добијат дозвола.
Поради фаворизирањето на тоа кој ќе добие лиценци, Струмичкиот регион се претвори во центар за производство на марихуана за медицински цели.
Доказ за тоа дека се било смислено однапред е подзаконскиот акт на правилникот за одгледување на канабис за медицински цели, донесен во време на СДС каде постои неусогласеност, затоа што се дозволува да се произведува цвет од канабис кој не ги задоволува ГМП нормите.
Производството на канабис кој не ги исполнува ГМП нормите го прави маслото од канабис нелегално за лиценцирање и промет.
Токму поради сето ова се отвора сомнеж за криминални мотиви. Со ваквиот начин на производство и складирање се отвора сомнеж дека канабисот бил за продажба на црниот пазар.
Зошто е направен подзаконски акт кој е во колизија со законот и со самото тоа овој процес е незаконски? Дали на Заев и Филипче целта им била продавање на канабис на црниот пазар? Дали Заев и Филипче ја туркале промената на правилникот?
Јавното обвинителство мора да интервенира итно. Граѓаните заслужуваат правда и одговорност за незаконското работење на овој картел.
Време е Заев и Филипче да одговорат пред законот и јавноста. Ниту еден привилегиран апликант, ниту еден нелегален процес, не смее да остане без казна“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

