Македонија
Отказ за анестезиологот од Тетово кој снимаше пациенти и колеги за на „Тик-Ток“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/doktor-tetovo.jpg)
Отпуштен од работа е тетовскиот анестезиолог кој се вклучил во живо од болницата во Тетово на „Тик-ток“ шетајќи низ болничките ходници, снимајќи колеги и пациенти.
За ова информираше денес министерот за здравство, Фатмир Меџити. Тој изрази големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и рече дека ќе направат се’ за во иднина да не ни се случи вакво нешто.
По пријава од директорот на болницата, Плумб Вела, дваесет минути пред полноќ полицијата го привела 43-годишниот доктор.
И Вела го осуди непрофесионалното однесување на медициското лице, а осуда стигна и од лекарската комора.
„Барањето за почитување на сопствените права, тргнува од почитувањето на туѓите права, во случајов правата на пациентите, затоа во најкус рок органите на Комората ќе бидат свикани да го разгледаат случајот и да преземат активности и мерки“, велат од Лекарската комора.
Со Кодексот за медицинска деонтологија лекарите се обврзуваат дека професија ќе ја вршат совесно и одговорно, дека ќе го почитуваат човековото достоинство и правата на болните и ќе ја чуваат нивната доверба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/taravari.jpg)
Министерот за здравство Арбен Таравари, придружуван од вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, како и пратеникот на ВЛЕН, Беким Ќоку, првата посета надвор од земјава како дел од извршната власт, ја оствари во Република Косово.
Беше примен од министерот за здравство на Косово, Арбен Витиа, со кого разговараа за соработката и заедничките институционални приоритети.
„Денеска, придружуван од вицепремиерот за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, како и пратеникот на ВЛЕН, Беким Ќоку, ја остварив мојата прва посета надвор од земјава, во Приштина, каде што се сретнавме со мојот колега Арбен Витиа. Со Арбен остваривме братски разговор за предизвиците во нашите здравствени системи и соодветните приоритети за наредниот период“, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.
Како што рече Таравари, се договориле за забрзување и продлабочување на соработката меѓу двете влади, „како во здравството, така и во образованието и политиките за добро владеење и во кој било друг релевантен сектор за уште поголемо зближување меѓу двете земји и зајакнување на врските меѓу нашите народи“
Македонија
Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај, рече новиот министер Николоски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/pruga-bugarija.jpg)
Министерот за транспорт и врски Александар Николоски го повика Јавното обвинителство да го испита работењето на Железница-Инфраструктура и на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) врз основа на наводите од извештајот за јавните инвестиции на Државниот завод за ревизија.
Сомнежите, како што истакна Николоски се за патот Дреново-Градско за кој има ризици од арбитража, зголемената вредност на автопатот Кичево-Охрид за 175 милиони евра, а за кој досега се потрошени 446 милиони евра и не е завршен и по 10 години, како и за третата фаза од пругата кон Бугарија каде вредноста е зголемена за 220 милиони евра односно на 560 милиони евра наместо првично планираните 340.
Според Николоски на крајно нетранспарентен процес почната е тендерската постапка пред избори, а понудите на тендерот се доставуваат до денеска. Ќе следи процес на евалуација заедно ЈПДП и меѓународните кредитори ќе се разговара за ревидирање на проектот.
„Ова е најскапата пруга. Таа ќе поминува низ Крива Паланка за што треба да се рушат десетина, можеби стотина куќи и ќе заврши во тунел кој нема крај. Велам во тунел, затоа што поврзувањето со Бугарија е предвидено со тунел, а ние градиме само од нашата страна. Бугарија нема ни проект за ова. Таа има железничка пруга кон Македонија, но нема неколку километри и не знаеме што ќе се случи“, рече Николовски.
Ги повика меѓународните кредитори, како што рече, да седнат и да разговараат дали е ова начин и дали вреди вака да се трошат народните пари, а ЈО да го испита работењето на двете претпријатија.
По промена на раководството во ЈПДП, Николоски најави дека ќе побара декласифицирање на Договорот со Бехтел и Енка за автопатските делници на коридорите 8 и 10Д.
Македонија
Надвор од законот е да има прв вицепремиер, но во коалицијата имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити, рече Мицкоски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mickoski-1-2.jpg)
Надвор од законот е да има прв вицепремиер, но во коалицијата имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има прв вицепремиер.
„Според законот кој е важечки премиерот има заменици. Договорот што го имаме во рамки на коалицијата џентлменски е да имаме прв вицепремиер и тоа ќе биде Изет Меџити, но тоа е надвор од законот. Законот вели дека премиерот има само заменици. Она што досега е работено на диво и незаконски нема да биде пракса во работењето на оваа влада. Но, да, џентлменскиот договор во нашата коалиција и нашето функционирање е таков“, рече Мицкоски.
Во претходниот владин состав, прв вицепремиер беше Артан Груби од ДУИ.