Македонија
Откако Собранието му го одзеде имунитетот, судот побара притвор за Груевски

Постапувајќи по предлог на специјалното јавното обвинителство, во предметот „Талир“, кривичниот совет донесе решение со кое го уважи предлогот на обвинетиот Никола Груевски да му определи мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото пронаоѓање, односно лишување од слобода.
„Кривичниот совет при овој суд постапуваше по предлогот и го донесе решението по добиениот допис од претседателот на Собранието, кој во судот е примен денеска, а со кој се известува советот дека врз основа на извештајот на Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања, Собранието со согласно член 54 ст. 1 од од Деловникот на Собранието го одобрило барањето на кривичниот совет при овој суд за одобрување на мерка притвор против Груевски, пратеник во Собранието“, соопшти Основниот суд Скопје 1-Скопје.
Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од 24 часа до Апелацискиот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Порад незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.