Македонија
Отфрлена кривичната пријава што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ за нерегуларности на референдумот
Основното јавно обвинителство Тетово донесе решение со кое ја отфрли кривичната пријава поднесена од политичката партија ВМРО ДПМНЕ за сторени изборни нерегуларности.
Кривичната беше поднесена против повеќе претседатели, заменици претседатели и членови на Избирачките одбори во општините Желино и Боговиње, против непознати лица кои помагале со потикнување, помагање и соизвршителство, како и против полициски службеници кои ја вршеле својата службена должност на обезбедување на избирачките места за време на гласачкиот процес за референдумот на 30.09.2018 година.
Според наводите од пријавата, пријавените се товареа дека ги сториле кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“ , „злоупотреба на избирачко право“, „ изборна измама“, „ фалсификување или уништување деловни книги“ и „повреда на тајноста на гласањето“.
Јавниот обвинител кој постапуваше во предметот презеде дејствија за проверка на наводите во пријавата, при што ги сослуша пријавените лица и ја прибави целокупната документација од надлежните органи, меѓу кои Министерството за внатрешни работи и Државната изборна комисија.
„По преземање на дејствија за прибирање на материјални и вербални докази во предметот, надлежен јавен обвинител утврди дека записниците на избирачките одбори од спроведеното гласање на државниот референдум се уредно пополнети и потпишани од претседателите и членовите на одборите без притоа да биде наведено дека имало какви било нерегуларности и неправилности во гласањето. Наведеното во записниците е потврдено со изјави дадени од сите осомничени“, велат од Обвинителството.
По анализа во предметот, надлежниот јавен обвинител утврди дека нема каков било материјален или вербален доказ за потврда на наводите од поднесената пријава, по што одлучи истата да ја отфрли од причини што во дејствијата на пријавените лица не се содржани елементите на кривичните дела кои им се ставаат на товар ниту пак во нивните дејствија се содржани елементите на некое друго кривично дело за кое се гони по службена должност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

