Македонија
Отчет на Ѓорѓиевски: За две години реализирани се 90% од четиригодишната програма
Под слоганот “Големи идеи, за сериозни промени”, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа го презентираше отчетот од својата двегодишна работа. Реализирани се 90 проценти од целокупната предизборна програма, предвидена за четири години, истакна во своето излагање, додавајќи дека како никогаш досега во овие 30 години, е извршена обнова на инфраструктурата. Асфалтирани се 44 км улици, атмосферска мрежа во должина од 5470 метри, фекална канализациона мрежа 6690 метри и 3610 метри водоводна мрежа. Изградени се 1300 нови паркинг места, два нови пазари, а големи се и инвестициите во образованието. Како што информираше градоначалникот Ѓорѓиевски, сите училишта се опремени со смарт уреди, обезбедени се компјутери за сите наставници, ранчиња за сите првачиња, наскоро и униформи за сите основци. Изградени се сензорни соби во сите училишта, изградени и обновени спортски училишни сали. За само две години, имаме две нови градинки. Ја ставивме во функција градинката во Драчево и за првпат отворивме нова, целосно инклузивна градинка во Усје. Неколку објекти со значително проширен капацитет. Ги распишавме условите за избор на најповолен изведувач за реконструкција и проширување на градинката Пеперутка1 во Драчево, а наскоро ќе градиме целосно нов објект во 11 Октомври Згради, намалувајќи ги од листите на чекање од 400 на двоцифрен број дечиња-потенцираше градоначаликот Ѓорѓиевски.
Тој посебно ја истакна изградбата на спортската инфраструктура, со посебен акцент врз обновата на запуштените спортски терени и локации кои некогаш беа култни места. Се работи за 11 спортско-рекреативни центри и паркови.
Кисела Вода е првата дигитализирана општина на Балканот која за граѓаните обезбеди услуги по електронски пат, а наспроти минатото во кое оваа локална самоупрва беше симбол за криминал и корупција, сега е првата општина која после 1965 година распиша меѓународен конкурс за идејниот лик на Расадник, поддржан од сите македонски авторитети од областа на урбанизмот и архитектурата, како и од своите жители. Жири комисијата која имаше меѓународен карактер одлучи дека Расадник кој претходното раководство сакаше да го загуши со 99 згради, сега ќе се уредува согласно принципите за хумано живеење. Градоначалникот Ѓорѓиевски информираше и за сетот мерки за поддршка на социјално загрозените граѓани, за старите лица, како и за лицата со попреченост. Заокружи со проектите од културата после кои Општина Кисела Вода стана симбол за одличен културно-забавен живот во главниот град.
Градоначалникот Ѓорѓиевски потенцираше дека и покрај тоа што го презеде раководството на Општина Кисела Вода со наследен долг од 3 милиони евра, сега таа е во ликвидна кондиција и притоа се спроведува рамномерен развој во сите населби. Во контекст на буџетот и транспарентноста, на влезот од Домот на културата “Билјана Беличанец” каде се одржа настанот, имаше штанд каде граѓаните ги запишуваа своите идеи за претстојниот Буџет 2024.
-Концептот “Големи идеи за сериозни промени” го продолжуваме со уште поголема енергија и одлучност, користејќи го секој ден што ни претстои за поубава Кисела Вода во која ќе биде престиж да се живее, инвестира и работи, потенцираше на крајот градоначалникот Ѓорѓиевски заблагодарувајќи им се на сите граѓани, на Советот и неговиот претседател и на администрацијата за цела досегашна поддршка и посветена работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

