Македонија
Официјален претставник на НАТО: Македонија ќе стане членка напролет в година

Македонија би можела да стане полноправна членка на НАТО до пролет 2020 година, меѓутоа алијансата ќе се обиде да го забрза процесот, изјави неименуван претставник на НАТО на брифинг во седиштето на алијансата во Брисел, пренесе новинската агенција ТАСС.
„Ние очекуваме сите земји членки на НАТО во рок една година да го ратификуваат протоколот за пристапување на Македонија, така што Македонија би можела да стане членка напролет в година“, вели тој.
Претставникот на НАТО не можеше да каже дали процесот би можел да се затвори пред самитот на НАТО, кој ќе се одржи во декември во Обединетото Кралство, истакнувајќи дека тоа зависи од земјите членки.
Истовремено, додаде дека НАТО очекува да прими официјално писмо од Скопје, во кое го известува дека процесот за промената на името е завршен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.