Македонија
Охрид на 8 септември ќе биде домаќин на Охридскиот атлетски маратон
На 8 септември Охрид ќе биде домаќин на 33 по ред Охридски атлетски маратон. Меѓународниот атлетски маратон ќе се одржи на 30 километарската патека каде за прв пат, од годинава, ќе се реализира и штафетна трка во 3 делници од по 10 километри. Првата делница завршува во селото Трпејца, втората кај населбата Лагадин и третата делница завршува на целта кај НАционалната установа Дом на култура „Григор Прличев“ во Охрид. Пријавувањето за годинешниот Охридски атлетски маратон е започнато и ќе трае до 05 септември 2019 година а подигнувањето на стартните пакети за сите пријавени ќе се одржи на 7 септември во Спортската сала „Билјанини Извори“ од 12 до 20 часот.
Организациониот одбор на Охридскиот атлетски маратон, информира дека сите податоци околу котизација, стартните пакети и наградниот фонд може да се проследат на www.smartrace.club. Котизацијата за сите учесници на маратонската трка изнесува 900,00 денари и 2.250, 00 денари за штафетната трка. За членовите на Интернационалната полициска асоцијација цените се 600,00 денари за маратонската трка со 1800,00 денари за штафетната трка.
Охридскиот атлетски маратон со меѓународен карактер, е еден од најстарите атлетски манифестации на нашите и пошироките простори. Маратонот, во континуитет се одржуваше од 1976 година до 1993 година. Оваа спортска манифестација започна од општински и прерасна во сојузен и меѓународен Атлетски маратон со постојан пораст на бројот на учесници кој се зголемуваше од 4 во 1976 година до рекордни 150 учесници во 2017 година. Иницијативата за организирање на Охридскиот атлетски маратон, во 1976 година дојде од Живко Стојчевски, кој со помош од тогашната спортска асоцијација „Софка“ ја организирал атлетската трка со само 4 учесници од Охрид. Стојчески бил дел од маратонците и бил победник а до денес е најтрофејниот учесник на овој маратон. Охридскиот атлетски маратон, непречено се одржуваше до 1993 година и беше организиран на 7-ми Ноември како спортски настан по повод ослободувањето на Охрид. После 10 годишна пауза, а по иницијатива на покојниот проф. Влатко Димитров и другите членови од сегашниот организационен одбор, во 2004-та година обновен е Охридскиот атлетски маратон со што се продолжи традицијата на оваа голема атлетска трка. Повеќе податоци за историјата на овој маратон може да проследите на www.iamo.mk каде може да ја видите листата на победници по години како и галерија на слики од минатите настани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

