Македонија
Охрид се дави во ѓубре, група граѓани излегоа да го собираат отпадот
Центарот на Охрид, но и други познати туристички локации деновиве се затрупани со ѓубре.
Како што може да се види на фотографиите објавени на социјалните мрежи, отпад во текот на вчерашниот ден и утрово можеше да се забележи насекаде низ градот кој е полн со домашни туристи.
Расфрлани беа шишиња, пластични кеси и опаковки од храна.





Aктивостите од „Охрид СОС“ објавија дека група совесни граѓани вчера го собирале отпадот.
„Има луѓе што не ги интересира каде го фрлаат отпадот и загадуваат каде што ќе стигнат, но има и совесни и вредни луѓе како овие на објавата кои ги санираат штетите на првите. Ако имаше функционални институции во земјава, расфрлачите на отпад немаше да бидат толку храбри зашто највеќе боли кога ќе те удрат по џеб!“, велат од „Охрид СОС“, приложувајќи неколку фотографии од акцијата.



Колони возила и утрово се упатија кон Охрид каде граѓаните во најголем број одлучија да го поминат продолжениот викенд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

