Македонија
Павле Трајанов: Владата предлага пет закони со европско знаме за сопствена амнестија
Владата достави пет закони, и тоа со европско знаме, со цел да се легализираат коруптивните елементи на договорот со „Бхетел и Енка“, како и да се амнестираат членовите на Владата што го усвоиле договорот, како и неговите потписници, рече пратеникот Павле Трајанов на денешната седница во Собранието.
Со потпишување на договорот, во кој има одредби спротивни на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за изградба на коридорите 8 и 10 д, како и на одредби од законите за урбанистичко планирање, градење, експропријација и работни односи, се работи за класична злоупотреба на службената положба и постојат основани сомненија за кривична одговорност, смета Трајанов.
„Обидот на Владата преку пратеници да предложи 9 закони беше неуспешен за дел од тие закони, сега Владата предлага пет од нив, но по скратена постапка и со европско знаме, со цел тие да бидат донесени без можност да бидат блокирани од пратеници што не се согласуваат со решенијата содржани во предлог-законите. Овие закони ги предлага со европско знаме, но се работи за класична злоупотреба бидејќи предложените измени не се во насока на усогласување на нашите закони со законодавството и стандардите на ЕУ“, рече пратеникот.
Доколку парламентот ги усвои овие пет закони, во суштина ќе се случи тежок институционален криминал, вели тој, бидејќи ќе се амнестираат од одговорност сите министри и премиерот и ќе се легализира грабеж од огромни размери.
Според него, одлуката и одговорноста е кај пратениците – или ќе спречат грабеж на столетието или ќе ги амнестираат министрите и потписниците на овој коруптивен договор, кој пратениците не може да го видат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

