Македонија
Панделески: Tврдам дека нема криминално работење во компаниите на мојата фамилија
По повод новоотвореното обвинение на СЈО со име „Империја“, од ЗК „Пелагонија“ до медиумите испратија писмена изјава од директорот на комбинатот, Цветан Панделески, кој е сопственик и партнер на дел од фирмите споменати во обвинението.
„Компаниите што се во сопственост на фамилијата Панделески, и во минатото и денес, работат според позитивните законски прописи во државата. Под полна одговорност тврдам дека нема никакво криминално работење во нашите напори во услови во какви што се наоѓаме како држава, да обезбедиме што поголем број работни места за македонските семејства. Односот на нашите компании кон македонските државни институции и, пред сè, пред македонските закони, секогаш се базирал на транспарентност и одговорност“, се вели во изјавата на Панделески.
Новата истрага на СЈО е поврзана со перење пари, злоупотреба на службата и повластување на доверителите. Таа е насочена против Орце Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Ратка Куноска-Камчева, Христина Камчева-Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев, Јованче Тасковски, како и Цветан Панделески, кој е бизнис-партнер на Камчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

