Македонија
Папата на средба со млади верници: Ме исполнува со надеж тоа што сте над поделбите од минатото
Папата Франциско во рамки на посетата на нашата држава, по светата литургија со која чиноначалствуваше на плоштадот „Македонија“, во катедралата „Пресвето срце Исусово” оствари и екуменска и меѓурелигиска средба со заинтересираните млади од земјава и светот.
На средбата папата ислушал сведочења на неколку млади верници од православна, муслиманска и католичка вероисповед, а потоа одговарал на прашања на младите за животните соништа, упатувајќи им пораки и советувајќи ги да ги следат своите стремежи, да комуницираат меѓусебе и да се грижат за постарите.
„Во вашите сведоштва и прашања среќавам грижи, соништа, потрага, сето тоа како еден плоден терен за правење големи нешта во вашиот живот. Ми дава голема надеж тоа што гледам млади кои ги острануваат претходно залепените етикети и не ги поднесуваат повеќе поделбите од минатото и сегашноста и одат над тоа“, порача папата Франциско во своето обраќање во катедралата „Пресвето срце Исусово“ во Скопје.
Папата се сретна и со свештениците, нивните семејства и со монахињите и монасите од Католичката црква во нашата земја.
„Не би сакал да го злоупотребам нејзиниот лик, но оваа земја му ја поклони на светот и на Црквата Мајка Тереза. Многумина беа смирени од нежноста на нејзиниот поглед, утешени од нејзината милост, ослободени од нејзината надеж и нахранети од храброста на нејзината вера способна да даде чувство на најзаборавените дека не се заборавени од Бог. Историјата ја пишуваат оние личности кои немаат страв својот живот да го потрошат за љубовта”, порача папата на средбата во Католичката црква.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

