Македонија
Пендаровски во посета на Шведска
Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шведска по повод учеството на меѓународниот форум за сеќавање на холокаустот и борба против антисемитизмот REMEMBER – REACT („Запомни – Реагирај“).
Денеска, Пендаровски во Малме ќе се обрати на меѓународниот форум на сесијата „Зачувување на сведоштвата и развој на образованието за иднината“.
На маргините на форумот претседателот Пендаровски ќе оствари средби со претседателот на Светскиот еврејски конгрес, Роналд Лаудер, со министерот за надворешни работи на Португалската Република, Аугусто Сантош Силва, и со државниот министер за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Михаел Рот. Во Малме претседателот Пендаровски ќе ја посети македонската православна црква „Св. Наум Охридски“, каде што ќе оствари средба со претставници на македонски друштва од градот.
Утре, Пендаровски ќе оствари средба со премиерот на Кралството Шведска, Стефан Лофвен, а во Гетеборг ќе оствари средба со претставници на Македонскиот сојуз во Шведска.
В петок, во Стокхолм, Пендаровски ќе оствари средба со претседателот на парламентот на Шведска (Риксдаг), Андреас Норлен, со дел од членовите на комисијата за надворешни работи, комисијата за европски прашања, претседателот на групата за пријателство на парламентот на Шведска со Собранието на Северна Македонија и претседавачот и членови на управувачката група на соработката за демократски развој со Северна Македонија.
Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде, и со претставници на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА).
За време на работната посета, во Стокхолм претседателот Пендаровски ќе ја посети Нобеловата фондација и ќе оствари средба со претставници на водечки политички фондации и институти. Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба и со шведскиот дипломат Карл Билд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

