Македонија
Пендаровски ги прими акредитивните писма на новиот турски амбасадор
Претседателот Стево Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција во земјата, Хасан Мехмет Секизќок, и му посака успех во извршувањето на функцијата.
Изразувајќи задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка помеѓу двете пријателски земји, кои се во духот на силно традиционално пријателство и партнерство, Пендаровски истакна дека двете држави споделуваат заеднички вредности за толеранција, меѓусебно разбирање и почит, вредности, кои, како што рече, претставуваат клучни столбови во градењето на подобра и попросперитетна иднина за граѓаните на двете земји.
Амбасадорот Секизќок оцени дека вкоренетите историски и човечки врски, споделените демократски вредности и целите на економско поле ќе помогнат во зајакнувањето на соработката помеѓу двете земји и истакна дека во периодот што следува, покрај трговијата и инвестициите, заемната соработка ќе се интензивира и продлабочи и во многу други сфери.
„Турција ја гледа Северна Македонија како еден важен и ценет партнер. Развивањето на нашите партнерски односи е и во полза на Балканот и евро-атлантското семејство“, рече амбасадорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

