Македонија
(Видео) Пендаровски ги прими младите ракометарки: Постигнавте голем национален успех

По победата на ЕХФ шамионатот во Клапеида, Литванија, претседателот Стево Пендаровски попладнево ги прими ракометарките и стручниот штаб на женската ракометна кадетска репрезентација, селекција до 17 години, селекторот Љубомир Савевски и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.
Честитајќи им го големиот успех, Пендаровски истакна дека нивните постигнувања влеваат надеж за иднината на женскиот ракомет.
„Навистина имаме со што да се гордееме. Вашиот успех е и наш национален успех. Посакувам да ја задржите меѓусебната кохезија, да се почитувате и да бидете пред сѐ, најдобри другарки. Од мене имате целосна поддршка“, им порача претседателот на младите ракометарки.
Со победата на ЕХФ шамионатот, Македонија обезбеди настап на три големи натпреварувања, ЕП за кадетки и младинки, односно СП за кадетки.
На шампионатот во Литванија, 14-годишната Ива Младеновска беше прогласена за најкорисен играч, а во најдобриот тим, покрај неа, се најдоа и Теодора Дуковска и Марија Јовановска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).