Македонија
Пендаровски на средба со претставници од здружението на медицински сестри, техничари и акушерки
Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки.
На средбата, претставниците од ова здружение го информираа претседателот за нивните заложби во професијата, со нивните визии за здравствената нега и заштита, како и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат во нивната работа, особено во однос на едукацијата.
Пендаровски истакна дека изминатиов период, од почетокот на пандемијата на Ковид-19, здравствените работници заслужуваат огромна почит за нивната секојдневна работа.
Претседателот им оддаде признание и се заблагодари за нивниот севкупен ангажман и порача дека, како што пандемијата на Ковид-19 ја направи повидлива нивната професија, така очекува и поддршката од институциите во иднина да биде поизразена и посилна.
Оваа средба се реализира во месецот во кој се одбележуваат два значајни датума за медицинските сестри и акушерки, 5 мај – Меѓународен ден на акушерките и 12 мај – Меѓународен ден на медицинските сестри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

