Македонија
„Пендаровски постапи како да е член на историската комисија, ама од бугарска страна“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Нема кој не ја слушна срамната изјава на Стево Пендаровски дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин. Тој тоа го направи на своја рака, без никаква консултација со експертите и историчарите. Правејќи се голем авторитет, лекомислениот и кусогледиот Пендаровски им наштети на македонските позиции. Неговата изјава експресно се прошири во Софија, особено во негаторските кругови и истата беше користена како аргумент“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Пендаровски постапи како да е член на историската комисија, ама од бугарската страна. Неговата катастрофална изјава нанесе невидена штета. Оваа изјава со која Пендаровски си зема право да му дава бугарско етничко потекло на Гоце Делчев по ништо не се разликува од ставовите на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Овој човек кој важи за еден од најголемите негатори на македонскиот идентитет му давал политичка поддршка на Стево Пендаровски во 2019 година (според личното признание на Пендаровски).
Дали Пендаровски за да му се заблагодари на Ковачев за политичката поддршка ја даде оваа штетна изјава дека Гоце Делчев е Бугарин?
Дали Пендаровски овој став за Гоце Делчев го стекнал контактирајќи со Андреј Ковачев ? Знае ли Пендаровски дека оваа изјава е една од многуте негови стратешки грешки“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пендаровски и’ посака успех на Силјановска-Давкова
Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех во извршување на функцијата.
По официјалната церемонија на примопредавање на функцијата Претседател, двајцата остварија тет-а-тет средба.
Пендаровски и Силјановска го поздравија спроведениот изборен процес посочувајќи дека изборите беа израз на волјата на македонската јавност и ја демонстрираа демократската зрелост на нашата држава.
Македонија
Фон дер Лајен: За ЕУ неопходно е почитување на обврзувачките договори, меѓу кои и преспанскиот
Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен преку објава на социјалната мрежа „Икс“ порача дека почитувањето на Договорот од Преспа е обврзувачки за земјата да го продолжи патот кон Европската Унија.
„За Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа“, напиша Фон Дер Лаејн.
For North Macedonia to continue its successful path on EU accession it is paramount that the country continues on the path of reforms and full respect for its binding agreements, including the Prespa Agreement.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) May 12, 2024
Нејзината објава се случува откако претходно денес, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова, положи заклетва во која го употреби името Македонија, што предизвика реакции во Грција.
Неколку часа претходно, Фон дер Лаејн преку „Икс“ упати честитка до Силјановска-Давкова за изборот.
„Честитки до Гордана Силјановска-Давкова која стана првата жена претседател на Северна Македонија. Вашето лидерство доаѓа во клучен момент, додека вашата земја ги унапредува своите реформи и продолжува на својот пат кон ЕУ. Со нетрпение очекувам да работам со вас“, беше наведено во честитката.
Congratulations, Gordana Siljanovska-Davkova, on becoming the first female President of North Macedonia.
Your leadership comes at a crucial time, as your country advances its reforms and continues on its path towards the EU.
I’m looking forward to working with you.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) May 12, 2024
Македонија
Украдени документи и компјутери во Управата за матични книги во Прилеп, сторителот непознат
Вчера во полицијата било пријавено дека во период од 10 до 11 мај, непознат сторител упаднал во канцелариски простории сопственост на Министерство за правда- Управа за водење на матични книги, подрачна канцеларија Прилеп.
„Сторителот украл документација, оштетил дел од документацијата и одзел монитори и куќишта од компјутери“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.