Македонија
Пендаровски разговараше со припадници на Армијата распоредени во меѓународни мировни мисии

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска, преку видеоврска, разговараше со припадници на Армијата распоредени во меѓународните мировни мисии „Одлучна поддршка“ во Авганистан, КФОР во Косово, Алтеа во Босна и Херцеговина, ЕУТМ-РЦА во Централноафриканската Република и УНИФИЛ во Либан.
„Во разговорот, припадниците на мисиите го информираа претседателот Пендаровски за начинот на извршување на нивните должности и за тековните активности. Сите поединечно истакнаа дека се во добро здравје, мотивирани и многу добро прифатени, како од командантите на мисиите, така и од нивните колеги од другите земји учеснички во мисиите“, соопштија од кабинетот на Пендаровски.
Тој истакнал дека со професионалното извршување на своите задачи, нашите мировници даваат значаен придонес во колективниот систем за безбедност.
„Во разговорот претседателот и Врховен командант на вооружените сили Пендаровски, истакна дека 2020 година имаше историско значење за Армијата, со полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, чин што е признание за сработеното во одбраната, вклучувајќи го и придонесот во меѓународните мировни операции во изминатите години“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Првиот ден од септември ќе биде сончев со мала облачност

Првиот ден од септември, како и неделата, ќе биде сончев со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ).
Минималните утрински температури ќе се движат од 8°C во Маврово до 18°C во Гевгелија, додека максималните дневни ќе достигнат од 24°C до дури 34°C во Скопје.
Во главниот град утре се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 18°C во утринските часови до максимални 34°C во текот на денот.
Од вторник, метеоролозите најавуваат уште потопло време – сончево со мала до умерена локална облачност и температури кои ќе се движат од 30°C до 37°C.
Во среда пак ќе настапи промена – времето ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен западен ветер. Попладне на повеќе места ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Температурите ќе се движат меѓу 29°C и 36°C.
Македонија
Се врати во функција бројот 192 на МВР

Отстранети се техничките проблеми и повторно е во функција телефонскиот број 192, кој граѓаните на Скопје можат да го користат за било каква пријава или информација, информира Секторот за внатрешни работи Скопје.
За истата намена, како што велат, редовно функционира и телефонскиот број 112, како и телефонските броеви на полициските станици во населбите каде граѓаните живеат.
Македонија
Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја

Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Поради големиот пожар повеќе населби во Скопје беа без електрична енергија, а од ДЗС информираат дека набргу дел по дел, ќе биде пуштена електричната енергија.