Македонија
Пендаровски се сретна со швајцарскиот претседател Игнасио Касис

Претседателот Стево Пендаровски, во рамките на учеството на 5. издание на Парискиот мировен форум, оствари средба со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Игнасио Касис.
На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете држави, кои од воспоставувањето на дипломатските односи цврсто се поставени на позитивен развоен колосек.
Претседателот Пендаровски изрази задоволство што Швајцарија е меѓу најважните партнери на Северна Македонија во спроведувањето реформи во клучни области, како демократското управување, одржливиот економски развој, животната средина и одржливите јавни услуги.
Двајцата претседатели исто така разговараа и за регионалната соработка и за европската перспектива, за предизвиците на процесот на интеграција во ЕУ на земјава, како и на државите од Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кисела Вода и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· поради уличен дефект ф 300 мм на улицата Борис Трајковки бр.73, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Борис Трајковски краците 7, 9 и 11 и дел од улицата Борис Трајковски од 09:00 часот до завршување, општина Кисела Вода;
· поради уличен дефект ф 80 мм на улицата Луј Пастер бр.3, прекинато водоснабување ќе имаат корисниците на дел од улицата Луј Пастер и дел од Кино Култура од 09:00 часот до завршување, општина Центар.
Македонија
Делови од Бутел, Аеродром и Чучер Сандево денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.30 часот, корисниците од улица 19, Радишани, општина Бутел;
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од улицата Tодор Чангов 51,53, улицата Ѓорѓи Карев, улицата Димитар Илиевски Мурато, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 13.30 часот, дел од корисниците од село Бразда во близина на ресторан Рибилмус, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од улица 42, Радишани, општина Бутел.
Македонија
Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце, извести АМСМ.
Сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка од 06 часот е нормализиран во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.