Македонија
Пендаровски-Столтенберг: Со здружени сили за справување со пандемијата на коронавирусот
Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски му се заблагодари на генералниот секретар за топлото и искрено добредојде за Северна Македонија во НАТО истакнувајќи дека членството во најголемата безбедносна алијанса за нас е поттик за натамошен развој и значен придонес кон стабилноста, безбедноста и просперитетот на сегашните и идните генерации.
Претседателот Пендаровски го информира генералниот секретар Столтенберг за состојбата со спречување и справување со последиците од пандемијата на Ковид-19 во Северна Македонија и активностите што се преземаат од страна на надлежните институции. Соговорниците разговараа за активностите што НАТО ги презема со цел оваа здравствена криза да не премине во безбедносна осврнувајќи се притоа на сè поприсутните дезинформации и начините за справување со нив. Покрај ова, соговорниците изразија задоволство од фактот дека НАТО им дава поддршка на своите земји членки во логистичка и транспортна поддршка за транспорт на медицинска опрема, која е неопходна кај земјите членки, медицински персонал, како и употреба на иновативни технологии за креирање медицинска опрема.
Во таа насока претседателот информира дека повеќе земји членки на НАТО веќе ѝ дадоа помош на Северна Македонија поткрепувајќи го во пракса сојузништвото во справувањето со глобалната криза, како пандемијата на Ковид-19. Северна Македонија е исто така дел од здружениот информативен систем на НАТО преку Центарот за управување со кризи, кој е дел од програмата на НАТО, наречена Next generation incident system, која служи за подобра размена на информации и подобра соработка меѓу институциите во земјата.
На крајот, соговорниците договорија засилена комуникација помеѓу надлежните институции во претстојниот период, како и размена на информации во делот на справувањето со пандемијата на Ковид-19 и организираните кампањи за ширење лажни вести. Заеднички беше констатирана потребата од здружување на силите и нагласена солидарност меѓу сојузниците со цел успешно справување со кризата, која има не само здравствена туку и социјална и економска димензија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.