Македонија
Пендаровски – Шаленберг: Институциите на ЕУ побргу да овозможат почнување на пристапните преговори за Северна Македонија
Претседателот Стево Пендаровски го прими Александер Шаленберг, сојузен министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, кој денеска престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
На средбата се разговараше за надворешнополитичките приоритети на Северна Македонија во пресрет на надминување на предизвиците на европскиот пат, како и за политичко-безбедносните случувања во регионот и Европа.
Во контекст на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот на Западен Балкан, претседателот Пендаровски посочи дека е неопходно институциите на ЕУ да дејствуваат бргу во однос на политиката на проширување и да овозможат неодложно почнување на пристапните преговори за Северна Македонија и одржување на првата меѓувладина конференција. Воедно, додаде тој, Северна Македонија ќе го продолжи дијалогот со Бугарија со цел изнаоѓање одржливо, разумно и достоинствено решение и деблокада на евроинтеграцискиот процес.
Претседателот Пендаровски изрази благодарност за континуираната и доследна поддршка од Австрија, еден од најблиските сојузници и партнери на регионот, којa гласно се залага за негово интегрирање во Унијата.
Во однос на руската воена агресија и безбедносните предизвици со кои се соочува Европа, соговорниците разменија мислења за политичките и економските мерки што се преземаат како дел од заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и за хуманитарната помош и прифаќањето бегалци од Украина.
На средбата беше истакнато дека блиските и пријателски односи меѓу двете земји се рефлектираат со конкретна соработка во повеќе области и изразија подготвеност за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и афирмирање заеднички европски вредности со цел стабилност и просперитет на европскиот континент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

