Македонија
Пензионерите на „Школка“ бесплатно ќе може да се рекреираат со искусни фитнес-инструктори

Општина Кисела Вода информира дека од 14 мај до 11 јуни, секој вторник со почеток од 11 часот, во организација на Агенцијата за млади и спорт, во Градскиот парк во Скопје, на „Школка“, сите пензионери бесплатно ќе имаат можност да се рекреираат со искусни фитнес-инструктори.
„Активностите на пензионерите ќе бидат исполнети со многу забавни настани на кои тие ќе се дружат и подобро ќе се информираат за придобивките од вежбањето на разни спортски дисциплини“, велат од Општината.
Агенцијата за млади и спорт, кампањата на ЕУ, „Биди активен“, преку проектот „Европска недела на спортот“, ја реализира со намера да ја поттикне повозрасната популација да биде поактивна и да се стекне со спортски навики.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.