Македонија
Пензионерите в година просечно ќе добијат по 10.000 денари
„Ако останевме на стариот модел од претходната влада, пензионерите ќе добиеја зголемување од 400 денари, а ние в година ќе даваме околу 10.000 денари повеќе или речиси 850 денари месечно“, премиерот Заев ги објасни пред претставниците на здруженијата на пензионерите мерките за поголеми пензии на средбата во Сојузот на пензионерите, на која учествуваше и министерот за здравство, Венко Филипче.
Премиерот Заев истакна дека покачувањето на пензиите е најавено уште во април оваа година кога стана јасно дека економските мерки даваат резултати и дека приходите растат, што овозможи буџетот за 2020 година да биде посветен на човечкиот капитал и на грижата за пензионерите.
„И тоа не е симболично покачување. Напротив. Од јануари во 2020 година просечната пензија со предвиденото покачување ќе изнесува околу 15.500 денари. Владата за 2020 година предвиде покачување од 700 денари и дополнително усогласување од речиси 200 денари, што значи дека пензиите ќе пораснат приближно 900 денари“, рече Заев.
Во своето обраќање пред пензионерите премиерот Заев соопшти дека во Владата се прават анализи за подобрување и осовременување на системот на пензионерските и домовите за возрасни лица со вклучување економски мерки, односно субвенции за инвестициите, кои ќе вклучат грижа и поволни услови за изградба на домови за пензионерите.
Затоа, централно место во буџетот за 2020 година е грижата за човечкиот капитал, за луѓето, а во тој дел, истакна Заев, влегува и грижата за здравјето и грижата за нашите граѓани во социјален ризик, на кои им ја зголемивме социјалната помош 300 отсто.
На мерките во здравството особено се задржа министерот Венко Филипче, кој ја издвои мерката за укинување на квотите за лекови, која веќе 2 месеца е во сила. Министерот истакна дека со укинувањето на квотите за лекови на рецепт граѓаните имаат достапни лекови во кој било период од месецот, повеќе не стравуваат дека ќе останат без потребната терапија и дека драстично за само еден месец се смени сликата за проблемот што се провлекуваше со децении.
„Мерката со укинувањето на квотите за лекови на рецепт требаше да се направи многу одамна. Посетивме повеќе аптеки во државата и секаде ни рекоа дека веќе е релаксирано. Нема метеж, секој може да добие лек кога сака. Ова е само дел од мерката за реформа во примарното здравство. Драстично за еден месец се смени сликата за еден многу сериозен проблем, кој се провлекува со децении“, потенцира министерот Филипче.
На средбата Филипче ги информира пензионерите дека вакцинацијата против сезонски грип е почната и сите лица над 65 години може бесплатно да се вакцинираат. Тој исто така ги потсети пензионерите дека во предлог-буџетот за 2020 година одвоени се средства за болничко лекување, без наплата на партиципација за пензионери со пензија пониска од просечната во Република Северна Македонија.
На средбата со пензионерите тој потенцира дека оваа Влада го зајакна македонскиот здравствен систем и воведе вистински мерки во интерес на пациентите и современи услови во болниците.
Во предлог-буџетот за 2020 година предвидени се 89 милиони денари за болничко лекување, без наплата на партиципација за пензионери со пензија пониска од просечната во Република Северна Македонија. Целта е обезбедување грижа во чувањето, следењето и унапредувањето на здравјето на пензионерите, како и заради обезбедување услови за лекување на пензионерите во болничките здравствени установи во целата држава, нагласија премиерот Заев и министерот за здравство, д-р Венко Филипче, на средбата во Сојузот на пензионерите.
Средбата ја отвори претседателката на Сојузот на пензионерите на Македонија, Станка Петрова, која поттикна некои од најважните прашања од интерес на пензионерите, на кои премиерот Заев и министерот Филипче одговорија дека се слушнати нивните потреби и дека Владата на Република Северна Македонија активно работи на мерки за нивно исполнување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа
„Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени. Судските случаи се кроеја по политичка мерка. Наместо правда, имавме политички пресметки, а наместо владеење на право, имавме владеење на страв“, истакна тој.
Членови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Манасиевски, беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства.
„Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила. Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело. Кога предметот стигнал до него, на рочиште зад затворени врати јасно кажал дека нема да даде позитивно мислење за притвор и дека одлуката ќе ја координира заедно со неговите колеги. Но, разговорот со колегите никогаш не се случил. Утредента, на седница на Судски совет, која била свикана по насока на тогашната власт, судијата Катевеновски бил разрешен. Разрешен бил поради тоа што не постапил по политичка директива. Тоа е вистинското лице на Зоран Заев и на СДС. Ветуваа вистина и правда, а испорачаа селективност, криминал и корупција. Оние кои зборуваа за независно судство, создадоа зависно правосудство“, рече тој.
Според Манасиевски, денес, клопчето се одмотува.
„Сведоштвата стануваат сè погласни. Индициите и сомнежите за директна поврзаност помеѓу СДС, Заев и одредени одлуки во правосудството не смеат да останат без одговор. ЈО има обврска да постапи. Затоа што вистината, колку и да се прикривала, секогаш излегува на површина“, заклучи Манасиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен
„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола.
Таков е и примерот на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува.
Во свое телевизиско гостување, Катевеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДС и ДУИ.
Станува збор за судско рочиште на кое поранешниот судија истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека за тоа ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие.
После само еден ден од оваа негова изјава Судски совет свикал итна седница на која експресно бил разрешен иако, како што вели Катевеновски, изјавата била дадена зад затворени врати.
Тој посочува дека неговото разрешување не било случајно, туку истото дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.
Тоа што во изминатите години го зборуваме, дека СДС и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, веќе се потврдува со јавни сведоштва.
СДС и ДУИ, на чело со Заев и Ахмети одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност од одреден случај.
Овој случај уште еднаш покажува дека СДС и ДУИ си ја партизираа државата и ги заробија институциите.
Тоа време веќе заврши и за тоа е потребна одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

