Македонија
Пензионерскиот клуб „Невена Георгиева-Дуња“ во нови подобри простории на барање на пензионерите

Општина Центар по барање на Здружението на пензионерите го премести пензионерскиот клуб „Невена Георгиева-Дуња“ од Трговскиот центар „Беверли Хилс“ поради зголемен интерес за дружба и секојдневни средби на пензионерите. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, ги посети новите простории, кои се наоѓаат веднаш до Заводот за рехабилитација и ги запозна присутните со проектите за пензионери, кои ги спроведува Општината.
„Поради зголемен интерес на пензионерите не само околу Трговскиот центар ‘Беверли Хилс’ во Капиштец туку и пошироко, решивме пензионерскиот клуб, кој досега функционира во склоп на читалницата ‘Ацо Шопов’, да го преместиме на нова локација. Сега пензионерите и од овој реон, блиску до Заводот за рехабилитација, може да поминуваат квалитетно време во поголеми и покомотни услови. Мене ми е навистина мило што пензионерите од Капиштец ја негуваат дружбата и имаат потреба од поширока социјализација, на овие средби тие разменуваат информации што ги засегаат сите пензионери и зборуваат за новите проекти во општината, така што пензионерите и од овој реон ги поканувам да го посетат клубот, кој работи секој ден од 10 до 14 часот, да се дружат, рекреираат и поминуваат интересно време со своите сограѓани“, изјави Герасимовски.
Инаку, ова е првиот од трите пензионерски клуба што ги отвори градоначалникот Герасимовски, другите два функционираат во Крњево и кај Универзалната сала, а на територијата на општина Центар функционираат вкупно 8 пензионерски клуба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.
Македонија
Инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден надзор во општина Сарај затече запалена дива депонија

„Денес инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден инспекциски надзор во Општина Сарај затече запалена дива депонија составена од опасен отпад и градежен шут“, извести Град Скопје.
Локализиран е пожарот по брзата интервенција од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје, а дополнително затечени се палења на стрништа во Крушопек и Лака, а сторителите се санкционирани. Во изминатата недела инспекторите за животна средина и комуналните инспектори на град Скопје имаат изречено казни на над 100 сторители“, велат од Град Скопје.
Македонија
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро, затекнати три лица кои согорувале отпад

Денес инспекцијата за животна средина на Град Скопје, изврши вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро, каде затече три лица со живеалиште во општина Бутел, како на дива депонија која сами ја направиле согоруваат отпад со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Во изминатата недела инспекторите за животна средина на град Скопје и комуналните инспектори имаат изречено казни на над 100 сторители, извести Град Скопје.
„Нашите инспектори продолжуваат со засилениот инспекциски надзор на терен 24 часа, со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на животната средина. Неселективно се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот. Континуирано поднесуваме кривични пријави за исфрлање и согорување опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад, меѓу кои и опасен канцероген отпад.
На територијата на Скопје покрај Инспекторатот на Град Скопје, има уште вкупно 14 институции кои имаат надлежност и обврска да постапуваат при загадување на животната средина и загрозување на здравјето на граѓаните. Досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска“, соопшти Град Скопје.