Македонија
Пенов: Со 22,9 милиони денари ќе се подобрува енергетската ефикасност во општина Радовиш
Со проектот „Енергетски ефикасен регион“, општината Радовиш ќе обезбеди заштеди во потрошувачката на електрична енергија, што на крајот како придобивка треба да го почувствуваат и граѓаните затоа што заштедените средства може да се пренасочат за подобрување на други услуги, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на денешната презентација на дигиталната компонента од грантовата шема на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ , финансиран од Министерството за локална самоуправа и швајцарската влада, спроведуван од страна на Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион.
„Проектот финансиски е поддржан од Министерството за локална самоуправа и од швајцарската влада. Вредноста на проектот е 22,9 милиона денари. Најмногу средства, или 11 милиони денари, се од буџетот на Министерството за локална самоуправа, 9 милиони денари се обезбедени од швајцарската влада, а во проектот учествуваат и општините Радовиш, Конче и Василево со 3 милиони денари“, рече Пенов говорејќи за проектот во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш.

Тој рече дека во изминатиот период Владата направи максимални напори да ги заштити граѓаните преку повеќекратно субвенционирање на сметките за струја, благодарение на што граѓаните не го почувствуваа ценовен шок.
„Во таа смисла за поздравување е секоја иницијатива на општините да направат чекор понатаму со создавање услови за поголемо користење обновливи извори на енергија за сопствените потреби. Убедени сме дека со овој проект Општината ќе обезбеди заштеди во потрошувачката на електрична енергија, што на крајот како придобивка треба да го почувствуваат и граѓаните затоа што заштедените средства може да се пренасочат за подобрување други услуги. Од градоначалникот и од локалната администрација понатаму зависи како ќе управува со проектот и со парите на граѓаните“, додаде министерот Пенов.
Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој на годишно ниво финансира над 100 проекти за развој на регионите, на општините, на селата и на специфичните подрачја. Важно е општините да имаат добри проекти, со комплетна проектна документација и пред проекти што ќе бидат корисни за граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

