Македонија
Петмина починати и 142 нови случаи на коронавирус во Македонија
Во последните 24 часа во Македонија пет лица починаа од коронавирус, а потврдени се 142 нови случаи. Оздравеле 98 пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 1.542 тестирања, а најголем број нови случаи се потврдени во Скопје – 37, Куманово – 18 и Тетово – 13.
Потоа во Дебар – 1, Штип – 3, Прилеп – 8, Струга – 3, Битола – 4, Гостивар – 9, Струмица – 4, Крива Паланка – 8, Радовиш – 1, Крушево – 1, Кочани – 5, Пробиштип – 3, Македонски Брод – 2, Пехчево – 4, Берово – 2, Валандово – 1, Виница – 3, Делчево – 7, Кратово – 1, Кичево – 2 и Ресен – 2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 98 оздравен пациент од: Скопје – 20, Куманово – 10, Штип – 10, Прилеп – 4, Тетово – 3, Струга – 11, Велес – 4, Битола – 3, Охрид – 2, Кавадарци – 4, Гостивар – 6, Гевгелија – 1, Струмица – 1, Кочани – 1, Пехчево – 2, Берово – 3, Виница – 1, Делчево – 4, Свети Николе – 3 и Кичево – 5.
Починати се пет лица, пациент од Гостивар (69 г.), од Прилеп (84 г.), од Охрид (84 г.), од Македонски Брод (46 г.) и пациент од Штип (58 г.).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.555, бројката на оздравени пациенти е 12.994, на починати е 642, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.919.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 55
• Гази Баба – 71
• Аеродром – 94
• Карпош – 71
• Центар – 68
• Кисела Вода – 53
• Ѓорче Петров – 35
• Бутел – 41
• Шуто Оризари – 19
• Студеничани – 13
• Сарај – 17
• Арачиново – 9
• Илинден – 12
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 3
• Нераспределен-16
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

