Македонија
Петмина починати и 87 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-34, Куманово-13, Тетово-8, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-20, Струмица-2, Берово-1 и тројца во Кичево.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 51 оздравен пациент од Скопје-35, Куманово-1, Штип-4, Тетово-1, Гостивар-1, Пробиштип-2, Свети Николе-6 и еден од Кратово.
Во изминатите 24 часа починати се петмина пациенти, тројца од Скопје (49, 72 и 74 години), пациентка од Струга (53) и пациентка од Берово (57). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.739, бројката на оздравени пациенти е 9.174, на починати е 544, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 3.021. Денес се евидентира еден контролен тест. Во согласност со новите податоци, статистиката на активни случаи по градови е следна:
• Неготино 35, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 126.284 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 лица, а вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 7 деца позитивни на вирусот, а еден пациент е суспектен на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани се 78 пациенти. На респираторна машина се три лица.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Статистиката за активни случаи по скопските општини денеска е следна:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.

