Македонија
Петровска: Заедно ги рушиме стереотипите и создаваме вредносен систем за родова еднаквост во безбедносниот сектор
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска се обрати на конференцијата со наслов „Униформа, оклоп што значи ранливост – нашата секојдневна борба на два фронта“, во организација на Министерството за труд и социјална политика, каде што ги истакна позитивните примери за родова еднаквост во одбраната и во Армијата и сподели факти за развојот на родовата перспектива за жените во униформа.
„Со години, за жал, владееја стереотипите дека безбедниот сектор, особено високите раководни позиции се резервирани исклучиво за мажите. Но, со нашата упорност, истрајност и мудрост успеавме тоа да го промениме“, рече министерката.
Петровска информира дека во 2012 година процентот на застапеност на жените во униформа бил 5,7 %, а денес процентот на застапеност е 10,8 %. Висок раст, истакна Петровска, бележи и процентот на жените офицерки, кои во 2012 година биле само 9 %, а денес тој процент е удвоен -18 %. Во 2012 само една жена била полковничка – денес тие се седум, во Министерството за одбрана вкупната застапеност на жените е 47 проценти, а на 48 проценти од раководните позиции се поставени жени.
Министерката порача дека иако бројките се показател дека родовата еднаквост се движи во добар правец, особено важно е жените во одбраната и Армијата да бидат навистина добредојдени и во никој случај не смее да бидат омаловажувани, дискриминирани или, пак, да бидат попречувани во развојот на својата кариера.
„Секоја од нас е подготвена да одговори на сите предизвици со кои се соочуваме, да се вложи целосно и да биде еднакво успешна не само затоа што е жена туку затоа што навистина сме способни и ние тоа да го направиме. Минатата недела потпишав назначување на првата жена началник на секција во рамките на Генералштабот на Армијата и тоа го направив не само затоа што е жена туку затоа што станува збор за офицерка што навистина има капацитети и вредности“, рече Петровска.
На отворањето на конференцијата се обратија и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ,и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски. Во рамките на конференцијата свои искуства споделија и полковничката Билјана Блажевска, аѓутантка на претседателот на Република Северна Македонија, како и потполковникот Томе Пеев и потполковничката Александра Доневска од Армијата на Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.
Македонија
Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари
Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет.
„Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска“, соопшти Судот.
Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, Јошевска Анастасовска е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.
Од Судот информираат дека заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповиканата расправа.

