Македонија
Петровска: Санкции за изведувачот на коловозот на улицата Климент Охридски во Битола
На новинарско прашање, но и на поставено прашање во Советот на Општина Битола, што се случува со улицата Климент Охридски во Битола, која за асфалтирање чека неколку месеци, градоначалничката Наташа Петровска ја објасни актуелната состојба и најави санкции за изведувачот што не ги исполнил условите од договорот.

„Кажав и покажав дека во сите инфраструктурни зафати влегуваме со динамика што треба да биде брза, експедитивна и тоа го покажавме секаде каде што на терен имаа активности јавните претпријатија што се во директна надлежност на Општината. На улицата Климент Охридски сè што требаше да направи ЈП ‘Водовод’, а во делот на канализацијата КЈП ‘Нискоградба’ беше изведено во експедитивен краток рок. На јавна набавка беше прифатен изведувач да го направи коловозот и со него се склучи договор, според што изведувачот, требало да се однесува. Меѓутоа, сите гледаме дека сликата воопшто не е таква. Она што може да го направи локалната самоуправа во такви околности е да ги преземе сите чекори во согласност со законот, на санкционирање на онај што бил изведувач и барање отштета на самата Општина и на граѓаните на општина Битола. Тоа треба да биде пример како треба да се однесуваат изведувачите кога утре или задутре ќе се одлучат да конкурираат и да се јават на некоја јавна набавка и да побараат право за некаков инфраструктурен зафат, но и да водат сметка дека тоа право носи сериозна одговорност. Значи, локалната самоуправа ќе ги преземе сите законски мерки за санкционирање на изведувачот“, рече градоначалничката Наташа Петровска за случајот со улицата Климент Охридски во Битола, која подолг временски период чека за асфалтирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.
Македонија
Променливо облачно и студено време со повремен снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во претпладневните часови. Попладне се очекува врнежите постепено да престанат.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од минус пет до два степена, додека дневните ќе достигнат од минус еден до пет степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне околу три степени.
Според најавите од УХМР, од почетокот на следната седмица се очекува стабилизирање на времето. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, ќе преовладува суво и студено време, а на одделни места утринските температури ќе се спуштат и под минус десет степени.
Македонија
ДИК: До 19:00 часот гласаа 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа
Државната изборна комисија информира дека до 19:00 часот денеска од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавените 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа до 19:00 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово – Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар.
Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности, велат од ДИК.
ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните, немоќните и лицата кои се на издржување казна затвор, не се објавуваат денеска посебно.
„Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денеска. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа“, стои во соопштението на Државната изборна комисија.

