Македонија
Петрушевски го повика Обвинителството: Каде требале да завршат 23 милиони евра по километар за пругата со тунел без крај

Јавното Обвинителство да не молчи, да почне постапка и да даде одговор каде требале да завршат 23 милиони евра по километар за пругата со тунел без крај, повика пратеникот, Бране Петрушевски.
Тој праша даали власта на СДСМ и ДУИ ја напумпала цената и кој требал да биде дел од проектот пруга кон Бугарија која завршува во тунел без крај. Праша и дали претходната власт имала намера преку подизведувачи да испумпа стотина милиони евра од пругата кон Бугарија, без разлика што таа можеби со децении нема да може да профункционира.
„Зошто СДС кога знаеле дека истата неможе да проработи, ја ставиле државата во обврски?
Дали СДС имале само еден единствен мотив, а тоа е да ги потрошат парите од ЕБОР и од буџетот, без разлика дали проектот на крај ќе биде целисходен или не?
ЈО да не молчи, и да постапи. На овој случај и на многу други како него ќе можат да покажат дали сакаат да се зголеми довербата на народот во правосудството или ќе паднат и под тие 2 отсто.
Народот чека одговори, а одговорите мора да дојдат од страна на опсежна истрага.
Државата е ограбена и уништена. Одговорност за состојбите во кои е оставена земјата мора да има“, рече Петрушевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со локална облачност, следи стабилно време

Сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 10.10.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на ул.Будимпештанкса и ул. Урош Џудовиќ(општина Карпош)
Македонија
Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности и дека
· поради уличен дефект ф-150мм на улицата Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.