Македонија
Петти модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование
Школата за политики за 2023 година беше заокружена викендов во Охрид со одржувањето на петтиот модул, насловен „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите“.
Петтиот модул започна со предавања на Владимир Петрески од фондацијата Метаморфозис и главен и одговорен уредник на Вистиномер на темите „Современиот феномен на дезинформациите – како и зошто дезинформациите влегоа во глобалниот јавен дискурс на голема врата“ и „Пропагандата на странското малигно влијание и неговата улога во ширењето на дезинформациите“, а на отворањето воведни обраќања имаа проф. д-р Александар Љ. Спасов и Филип Стојановски, директор за партнерство и развој на ресурси во Фондација Метаморфозис.
На тема „Методологија на проверката на факти – постапки и чекори на аналитичкиот процес“ говореше Елида Зулбеари од фондацијата Метаморфозис и главен и одговорен уредник на Порталб.мк, додека предавање на тема „Справување со дезинформации – креативни начини за справување со дезинформации“ одржа Владимир Петрески.
Миле Бошњаковски, генерален секретар на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија одржа предавање на тема „Кризен менаџмент во политичка комуникација“, додека предавање на тема „Политички говор: структура, содржина и изведба“ одржа проф. д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование и советник на претседателот за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања.
На темите „Најчести дезинформациски теми во македонскиот јавен дискурс“, „Геополитичка перспектива на дезинформациските текови во Западен Балкан“ и „Проверка на факти на Фејсбук – како најголемата социјална мрежа на светот се справува со дезинформациите“ говореа Деспина Ковачевска, Филип Стојановски и Владимир Петрески од фондацијата Метаморфозис.
Петтиот модул на Школата за политики за 2023 година заврши со предавањата на тема „Говор на омраза – дефиниција и историјат; говорот на омраза во Северна Македонија, што вели законската регулатива“ на Горан Ризаов и Деспина Ковачевска, на тема „Спречување на дезинформациски напади за организации и поедници“, одржано од Владимир Петрески и „Градење општествена отпорност на штетните влијанија на дезинформациите преку развој на јавни политики; медиумска писменост – како медиумската програма на Фондацијата Метаморфозис се справува со дезинформациите“, одржано од Филип Стојановски, Горан Ризаов и Владимир Петрески од фондацијата Метаморфозис.
Школата за политики се одржа трета година по ред, во соработка со партнерските фондации и организации кои се дел од Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование: фондацијата „Фридрих Еберт“ за Северна Македонија, Меѓународниот републикански институт (ИРИ), фондацијата „МК2025“, фондацијата „Конрад Аденауер”, фондацијата за демократија на Вестминстер во Северна Македонија и Националниот демократски институт (НДИ).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

