Македонија
Пет активни пожари во Македонија, два се во охридскиот регион
Вчера имало вкупно 42 пожари на отворен простор, од кои во моментов 5 се активни, 4 се под контрола и 33 се изгаснати.
Од ЦУК информираа дека активни се пожарите во Општина Македонски Брод: с.Тажево – с.Брезница – Крак кон Јасен; Општина Демир Хисар и Општина Охрид: Илинска Планина, с.Базерник; Општина Охрид: Косел – Расино – Опеница,-Вапила активен на 4 точки; Општина Богданци: м.в.Погана према Ветерен Парк Богданци; Општина Пробиштип: с.Зелениград – с.Јамиште;
Под контрола се четири пожари: Кочани: с.Пресека; Свети Николе: с.Патетино; Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод; Македонска Каменица: с.Дулица.
Изгаснати се 33 пожари:
1. Општина Битола 1: с.Стрежево;
2. Општина Битола 2:с.Породин;
3. Општина Кичево 1: с.Црвевци;
4. Општина Кичево 2: с.Премка;
5. Општина Кичево 3: Бизина на Касарна;
6. Општина Зелениково: Смесница – Страхојадица – Градовци;
7. Општина Чучер Сандево: м.в.Голиово;
8. Општина Студеничани: с.Вртеќица;
9. Општина Арачиново: с.Мојанци;
10. Општина Ѓорче Петров: с.Волково;
11. Општина Пробиштип: с.Долно Барбарево;
12. Општина Ново Село 1: с.Бадилен;
13. Општина Ново Село 2: Ново Село – Самоилово, м.в.Кошутица;
14. Општина Струмица 1: с.Прсениково;
15. Општина Струмица 2: Индустриска зона Север Струмица;
16. Општина Дојран: Стар Дојран;
17. Општина Босилово: с.Босилово;
18. Општина Пехчево: с.Негрево;
19. Општина Кратово: с.Татомир – с.Секулица Општина Пробиштип;
20. Општина Лосово: с.Сарамзалино;
21. Општина Радовиш: населба Дамјан;
22. Општина Куманово: Пчиња;
23. Општина Липково: с.Ваксинце – с.Слупчане;
24. Општина Старо Нагоричане: с.Жегљане, маало Рожарци;
25. Општина Долнени: с.Лажани – с.Дебреште – с.Кошино;
26. Општина Гостивар 1: с.Печково;
27. Општина Гостивар 2: Патот од Стража кон Гостивар;
28. Општина Тетово: с. Фалише;
29. Општина Македонски Брод: с.Грешница, м.в.Стојанова Населба;
30. Општина Струга 1: с. Татеши;
31. Општина Струга 2: с. Велешта;
32. Општина Струга 3: с. Калишта;
33. Општина Струга 4: с.Заграчани;
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

