Македонија
Шест години од црниот понеделник
Денеска се навршуваат шест години од црниот понеделник кога на 24 декември 2012 година пратениците од опозицијата и новинарите беа исфрлени од Собранието од страна на собраниското обезбедување, по што овој ден беше наречен црн понеделник за македонската демократија.
Опозицијата тогаш се обидуваше да го спречи донесувањето на буџетот за 2013 година, со образложение дека не била испочитувана процедурата и дека во комисиите не биле разгледани амандманите што тие ги поднеле.Во зовриена атмосфера во салата влезе собраниското обезбедување и со примена на сила ги отстрани од салата опозициските пратеници, а отстранети беа и новинарите кои седеа во галеријата.
Тензично беше и пред зградата на Собранието, каде што се најдоа и приврзаниците на власта и на опозицијата, а меѓу нив беше поставена полицијата за да спречи евентуален конфликт.
,,Да не се заборави 24.12.2012. Да не се повтори!”, порача на „Фејсбук“ министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Европскиот суд за човекови права и слободи во февруари 2017 година одлучи во корист на новинарите Насер Селмани, Наташа Стојановска, Фросина Факова, Снежана Лупевска, Билјана Богдановска и Тони Ангеловски, кои физички беа отстранети од собраниската седница за време на носењето на буџетот на 24 декември 2012 година.Новинарите побарале отштета од 5 000 евра секој, при што Владата ги оспорила овие барања како неосновани и прекумерни. Судот одлучи на секој жалител да му бидат исплатени по 5 000 евра врз основа на нематеријална штета.
Судот во Стразбур одлучи дека во овој предмет постои повреда на членот 10 од Европската конвенција за човекови права, кој се однесува на слободата на изразување, како и на членот 6, кој се однесува на правото на фер сослушување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

