Македонија
Пехчевски: Докторката ми кажа дека ако продолжам да давам изјави, за мене нема да има место во болницата
Игор Пехчевски кој е сместен на Универзитетската клиника за детски болести каде прима терапија за цистична фиброза, ја обвини Д-р Стојка Нацева Фуштиќ, која е в.д. медицински директор на детската клиника дека му се заканила oти ако дава изјави за лекот „трикафта“, за него нема да има место во болницата за лекување.
„Д-р Стојка Фуштиќ со дрзок тон и завчера и вчера дојде 2-3 пати во болничката соба и ми кажа доколку пак дојдат новинарски екипи за викендот да давам изјави за лекот Трикафта, дека за мене повеќе немало да има место во оваа болница за Цистична фиброза за лекување. Докторке оваа болница не лично Ваша за да може така дрско да се однесувате со пациентите и да давате изјави дека пациентот ќе си оди на 15.04.2023г. А имам документ со отпусна листа која е со датум 18.04.2023год. Како ќе ме погледнете во очи мене и другите пациенти за ова што ми го правите пред цела Македонска јавност“, пишува Пехчевски на социјалните мрежи.

„Макфакс“ се обрати со прашања до Клиниката за детски болести околу третманот на пациентот и неговите наводи за постспувањето на докторката, од каде што очекуваме да добиеме одговори.
Од Кабинетот на министерот за здравство ни одговорија дека ќе го проверат случајот и јавноста ќе биде информирана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

