Контакт

Македонија

Пецаков бара спас од блокирањето на влезот на Охрид оти туристите ќе бидат заглавени цела туристичка сезона

Објавено пред

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес, во Општината се сретнал со претставници на „Хотам“, угостителскиот еснаф, туристички агенции, туроператори, СВР Охрид и претставници на стручните служби на Општина Охрид поради состојбата со затворениот влез во градот и пренасочувањето на сообраќајот по стариот пат за Струга во пресрет на туристичката сезона.

dobivaj vesti na viber

„Ги посочив реакциите на граѓаните и воопшто на сите засегнати од оваа одлука. Дополнително, истакнав дека е добро едногласно да се испрати барање, односно замолница до Владата и Министерството за транспорт и врски за одложување на градежните работи на оваа делница и тие да продолжат од септември или октомври имајќи предвид дека не се работи за последните километри од автопатот, па така градежните активности може да се пренасочат на други точки“, предлага Пецаков.

Тој рече дека неговиот став наишол на одобрување кај присутните и сите учесници го потпишале барањето, кое ќе биде испратено до Владата и Министерството.

Тие сметаат дека во пресрет на почетокот на летната туристичка сезона да се затвори главниот приод кон Охрид е погубна одлука бидејќи со тоа значајно ќе се намали бројот на гости што ќе престојуваат во Охрид имајќи предвид дека тој пат води и до охридскиот аеродром.

Со ваквата одлука, наведува Пецаков, голем број семејства, чија главна егзистенција е туризмот, ќе останат без приходи. Тука исто така се создава проблем и кај хотелиерите бидејќи постои веројатност веќе закажаните резервации да ги откажат и тие да останат без приход.

Имајќи предвид дека изминатите неколку години беа тешки за туризмот и за туристичките работници, додава градоначалникот, ова би значело крах на туристичкиот сектор во Охрид, а воедно и во Македонија.

Се додава и дека преоптоварувањето на стариот локален пат Охрид – Струга создава проблем и за возилата за специјална намена – брзата помош, полицијата и противпожарните возила.

Токму на тој пат е лоцирана Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, која е регионална. Се создава проблем и кај родителите, кои своите деца мора да ги носат за терапија или итни прегледи на Детското одделение во Општата болница во Струга. Исто така, се создава проблем и за ЈЗУ Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид, каде што а успешно лекување на пациентите потребна е брза реакција, додаде градоначалникот на Охрид.

Македонија

Дел од Кисела Вода денеска без струја

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)

Прикажи повеќе...

Македонија

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода дел од Карпош

Објавено пред

ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет10 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија13 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија16 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ19 часа

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија21 час

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија21 час

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет23 часа

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија2 дена

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија2 дена

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија2 дена

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија2 дена

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија2 дена

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија2 дена

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија2 дена

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ3 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија3 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија3 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија3 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија3 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...