Македонија
Печатницата што ја посети Ковачевски пакувала нелегални цигари, вели опозицијата
За да не се чуди Ковачевски како за Мерко, да му кажам. Печатница “Еврос Комерц” од с.Старо Нагоричане, во 2008 година била опфатена во акцијата “Пепел” кога беше уапсен Бајруш Сејдиу!, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
-Во печатницата биле штампани и произведувани кутии за цигари од типот “Малборо” , “Лорд” , “Партнер” во кои што илегално произведените цигари подоцна се пакувале во ТТК Куманово.
Овие активности биле документирани и потврдени со ПИМ мерки. За време на реализација на акцијата, сопственикот со неколку вработени биле фатени на дело како во кругот на фабриката ги палат (горат) доказите (претходно произведена амбалажа на наведените цигари).
Сопственикот бил приведен во акцијата, пишува Петрушевски на Фејсбук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

