Македонија
Планот за заштита на Охридскиот Регион предвидува зонирање и забрана за градење
Во Охрид и Струга вчера беа презентирани деталите содржани во нацрт-планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион и Стратегиската оцена на животната средина за периодот 2019-2028 година, со цел заштитата на регионот како културно-историското богатство и природна реткост признаена од УНЕСКО.
По презентациите следуваа дискусии во кои јавноста имаше можност да ги искаже своите мислења, забелешки и предлози во однос на документите.
Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска, истакна дека планот претставува исчекор напред оттаму, што предвидува зонирање во самиот простор, што ќе овозможи соодветни мерки за негова заштита.
„Тоа значи воспоставување заштитен појас од 50 метри (прва заштитна зона со две подзони – Зона А и Зона Б) од границата на катастарската парцела Охридско Езеро. Заштитните мерки ќе се утврдуваат со интегиран пристап преку урбанистички план од државно значење“, рече Петровска.
Планот предвидува во првата А-зона да не се дозволува градење со цел задржување на крајбрежната функционалност на езерото и зачувување на квалитетот на езерото, а во првата Б-зона се задржуваат изградените објекти, но со тенденција на зголемување на површината од зоната А за да се подобри вкупната крајбрежна функционалност во согласност со рамковната директива за води.
По однос на забелешките на некои од еколошките задруженија, експертска јавност дека се носи план за управување, без притоа да се донесат соодветни законски решенија за Охридското Езеро, без студија за Студенчишкото Блато, за управувањето со Националниот парк Галичица, со сливното подрачје на Охридското Езеро и слични документи, Петровска е категорична дека доколку се чека на спроведување сите потребни процедури, а потоа се носи план, Охридското Езеро никогаш нема да добие соодветна и неопходна заштита.
„Ние треба итно да го направиме планот и да го усогласиме со сите фактори за што впрочем е и организирана оваа јавна расправа. Доколку се прават промени во зонирањето по донесувањето на планот, тој ќе биде ревидиран и усогласуван. Потребата за ревидирање на планот во случај кога ќе се има потреба да се ревидира зонирањето се утврдува преку соодветни преодни одредби“, рече таа.
Самиот план треба да ја даде рамката за управување со регионот, но со него управуваат институциите, но и граѓаните што имаат свое земјиште и објекти во планот.
„Доколку тој се почитува, имаме добра основа, да ѝ помогнеме на Комисијата за управување со природното и културното наследство да може да носи одлуки. Планот овој пат е толку експлицитен што во согласност со мерките што ги утврдува документот, Комисијата точно ќе може да издава дозвола за градба“, рече Петровска.
Попладнево јавната расправа по нацрт-планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион и Стратегиската оцена на животната средина продолжи во Струга.
Самиот нацрт-план на 20 октомври е испратен до УНЕСКО, така што се очекува повратна информација по однос на документот со нивно мислење. По одржувањето на јавните расправи, процедурата понатаму предвидува разгледување на реалните забелешки, од кои некои би биле интегрирани во документот по што таквиот усогласен план би бил доставен на усвојување до Владата и во февруари в година до УНЕСКО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со температура до 6 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната ќе биде од интервал од -4 до 6 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Под влијание на циклонска активност од сабота ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.

